Јовановски: Македонскиот народ од жртва го прогласија за фашисоиден и геноциден народ, тоа ли беше идејата

Што направи т.н. претседател на Парламентот првиот ден кога влезе? Каде се знамињата на останатите малцинства кои живеат со нас? Ова на денешниот протестен марш пред Собранието го праша актерот Владо Јовановски, посочувајќи дека Македонија се брани со мнозинство и со сплотен народ.Зборувајќи за Ное, Јовановски рече дека нам не ни треба божја интервенција за самите да се уништиме.
– Овој современ потоп е потоп на совеста и потоп на душите, истакна Јовановски.
Посочи дека тој секогаш се борел и ќе се бори за мултикултурна, а не за бинационална држава, која работи директно против интересите на сите граѓани.
Јовановски рече дека идејата била да се подели македонскиот народ и како што вели, од жртва го прогласија за фашисоиден и геноциден народ.
-Кога заради овие делби што ни ги приредија вака поделен народ ќе може да се собере на семејни забави, на свадби, на крштевки без да си ги вадат очите? Што направија од македонскиот народ, од жртва го прогласија за фашисоиден и геноциден народ, тоа ли беше идејата?, праша Јовановски.Зборувајќи за Ное, Јовановски рече дека нам не ни треба божја интервенција за самите да се уништиме.
– Овој современ потоп е потоп на

Пронајдете не на следниве мрежи: