Судиите од Апелациониот суд со донесување на противзаконската одлука за прифаќање на прислушуваните и незаконски прибавени материјали како докази во судска постапка, направија тотално дерогирање на постоечките закони и рушење на функционалноста целокупниот правен систем во државатаАпелациониот суд падна на првиот тестот на својата кредибилност, непристрасност и самостојност во донесувањето на одлуките, со што се направи непроценлива штета на правосудниот и судски поредок во Република Македонија.
Судиите потклекнаа под политичките притисоци кои континуирано ги правеше СДС и Зоран Заев во изминатиот период и се ставија директно во полза на режимот на Зоран Заев, кој има за цел пресметка и прогон на политичките неистомисленици, за да се создаде бришан простор за спроведување на антидржавните политики и спроведување нечии туѓи агенди.
Оние кои според законот и уставот треба да го надоградуваат правниот систем, треба доследно да ги применуваат законите, да бидат личности со интегритет и да не подлегнуваат под политички притисоци, го направија токму спротивното. Со скандалозната одлука судот најдиректно го прекрши законот за кривична постапка, кој во член 12 став 2 вели јасно и концизно дека: „Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука“.
Судската одлука претставува правен преседан во Република Македонија и треба да биде вештачка магла која ќе ги дефокусира граѓаните од вистинските проблемите, ќе ги дефокусиираат граѓаните од трајно вдомување на 200.000 бегалци во државата, ќе направи дефокус од подобрување на животниот стандард на граѓаните и од ветената плата од 500 евра, ќе ги дефокусира луѓето од зголемување на даноците, што индиректно значи и помалку работни места и помали плати за работниците, како ќе им го одземе на вниманието на граѓаните од законот за двојазична Македонија.
Почитувани, Воведувањето на нова судска пракса со оваа скандалозна одлука, ќе внесе правна несигурност кај граѓаните, ќе внесе чувство дека во една парламентарна демократија е возможен политички прогон во секое време набило кој, ако некој политички моќник реши да се пресмета со своите неистомисленици.
Со оваа одлука од Апелациониот суд се прави директна штета на судскиот систем и се поткопуваат темелите на правосудството во Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ порачува дека во Република Македонија мора да се почитуваат законите и правните начела и принципи, затоа што оваа нема да трае долго. СДС со ваков начин на практицирање и злоупотреба на полугите на власта, нема уште долго да ја додржат оваа позиција. Граѓаните ги препознаа манипулациите и неискрениот однос на Заев и СДС. На локалните избори СДС ќе доживее голем пораз. Секој оној кој работи против законот за да му се допадне и додвори на Заев, ќе сноси одговорност и ќе одговара за своите постапки.Апелациониот суд падна на првиот тестот на својата кредибилност, непристрасност и самостојност во донесувањето на одлуките, со што се направи непро