ЈП „Македонски шуми“ за 2016 година воведува нов начин за продажба на огревно и техничко дрво

ЈП „Македонски шуми“ за 2016 година воведува нов начин за продажба на огревно и техничко дрво. Од денеска започнува јавниот повик до сите физички и правни, а апликациите ќе треба да се поднесат во строго утврден рок. Целта на овој транспарентен начин за набавка на дрво од Македонски шуми е со цел да се скратат роковите за доставување на дрва и прецизно да се утврдат количините на дрво кое што треба да се испорача до крајните потрошувачи.Ова денеска го најави директорот на ЈП „Македонски шуми“ Жарко Караџоски.
Тој посочи дека предходните години се случувало да се чека за дрво во зависност од начинот на плаќање па поради тоа за 2016 година се воведува нов транспарентен начин за набавка на дрва.
Цената на буковото и дабовото дрво и во 2016 година остануваат исти како и во 2015 година. Граѓаните буково огревно дрво ќе можат да набават за 2370 денари по метар квадратен и дабово дрво за 2450 денари по метар квадратен.
Караџоски информираше дека пензионерите и инвалидите ќе можат да аплицираат за дрво најдоцна до 15.03.2016 година во подружниците на ЈП и огревното дрво ќе можат да го плаќаат на 8 рати.
-Барањата за огревно дрво физичките лица од социјално ранливи категории, социјални случаи, лицата со попреченост во развојот, деца без родители, самохрани родители, стечајни работници, семејства на бранителите , членови на семејствата на вработени кои загинале при работа ќе можат да поднесуваат најдоцна до 15.03.2016 со тоа што ќе треба да достават потврда за докажување на статусот и плаќање на 8 рати, истакна Караџоски.
Додаде дека сите други физички лица ќе можат да аплицираат за огревно дрво до 15.03.2016 со тоа што огревното дрво ќе можат да го купат на 5 рати или со готовинска уплата.
Техничкото дрво правните лица ќе можат да го купуваат на два начини и тоа по основ на рамковен договор и годишен договор. Правните лица кои имаат склучено рамковен договор ќе треба барањата да ги поднесат најдоцна до 15.02.2016 додека правните кои немаат склучено рамковен договор ќе треба да аплицираат до крајот на месец февруари 2016 година.
Здруженијата, синдикатите и субјекти кои огревното дрво го користат во процесот на производство и за затоплување за огревно дрво ќе можат да аплицираат најдоцна до 15,02,2016 година. По истекот на овој рок нема да се примаат нови барања.
За правните субјекти кои се регистриани за промет на дрво и дрвни сортименти плаќањето е авансно, а крајниот рок за поднесување апликација е 31 март 2016 година. Во прилог на апликацијата треба да достават и изјава заверена на нотар дека  максималната цена на продажба нема да биде повисока од 2.900 денари за просторен метар бука и 3.000 денари за даб. Покрај тоа, треба да достават и писмена изјава заверена на нотар со која се согласуваат ЈП „Македонски шуми“ да им задржи 10 отсто од вкупно уплатената сума  и да го раскине договорот доколку не ја почитуваат максималната цена на продажба.Ова денеска го најави директорот на ЈП „Македонски шуми“ Жарко Караџоски.
Тој посочи дека предходните години се случувало да се

Пронајдете не на следниве мрежи: