Јубилејното 15- то издание на Интернационалниот Театарски Фестивал АКТЕР НА ЕВРОПА во Ресен

Јубилејното 15-то издание на Интернационалниот Театарски Фестивал АКТЕР НА ЕВРОПА , и оваа година ќе се одржи во периодот од 6 до 11 Јули во Ресен. Свеченото Отворање е предвидено да се одржи на Локацијата Амфитетар во Ресен , каде познатиот француски тетарски деец ќе биде прогласен за лауреат на овогодинешното фестивалско издание.Фестивалот “Актерот на Европа” беше покренат во 2003 година, од страна на неколку балкански и европски театарски сонувачи, во духот на мислата на Жан Моне “Да се гради Европа значи да се гради мир”. По прогласувањето од страна на Европскиот Парламент на митското Преспанско езеро за меѓуграничен европски парк помеѓу Грција, Албанија и Македонија, Преспа стана нов театарски хоризонт на европеизацијата на Балканот.Почнувајќи од далечната 2003 година, кога за Актер на Европа беше прогласен легендарниот балкански актер Љуба Тадиќ од Србија, продолжувајќи со Мариус Куркински од Бугарија, Бајруш Мјаку и Ѓорѓи Јолевски од Македонија, Моника Санторо од Италија, Костас Гакидас од Грција, Зијах Соколовиќ од Босна и Херцеговина, Роже Мирмон од Франција, Брус Маерс од Велика Британија, Ана Патерсон од Шведска, Раде Шербеџија од Хрватска, Милена Зупанчиќ од Словенија ,oваа година со ова престижно признание ќе се стекне познатиот француски деец Марсел Бозоне.Фестивалот на кој до сега учествувале повеќе од 150 претстави од скоро сите европски земји, се одржува во организација на Езеро Без Граници, Општина Ресен и Универзитетот за аудиовизуелни уметности, а со поддршка на Министерствот за култура на Република Макеоднија.
Програма06.07.2017 Амфитеатар-Ресен 21:00 часот- Свечено отворање на фестивалот- Прогласување на Марсел Бозоне ( Франција) за Актер на Европа 2017
– Престава: “ИДИОТ”- Ф.ДостоевскиРежија: Богдана ДариеИзведба на Студенти по Актерство на “И.Л.Караѓaле”-Букурешт,Романија
07.07.2017 Сарај-Ресен 21:00 часот- “Не Јас”- текст по мотиви од Самуел Бекет, изведба Снежана ПетроваНов Бугарски Универзитет , Софија , Бугарија
– “Отворач за Конзерви”- Виктор Лану ( Франција), режија Стојан Матавуљ ( Хрватска)Народен Театар Штип – Македонија
08.07.2017 Сарај-Ресен 21:00 часот-“Анонимос Венис” – Џузепе Берто ( Италија), режија: Дрита Беѓоли ( Косово)Ити центар и театар Додона , Приштина,Косово
09.07.2017 Сарај-Ресен 21:00 часот- “Екстеремофил”-Александра Бадеа (Романија), режија : Елизабет Марие ( Франција)“Скарфејс Ансабал” –Стразбур ( Франција)Во копродукција со “Интернационален Фестивал од Атина и Епидаур” ( Грција)
10.07.2017 Сарај-Ресен 21:00 часот- “Животот е Лото “ – Владимир Ѓурѓевиќ, Режија: Бојана Лазиќ ( Србија)Театар “Карт Бланш” – Земун, во копродукција со Хепи Театар ( Хрватска) , ИзведбаЌ Моника Ромиќ ( Хрватска)
11.07.2017 Сарај-Ресен 21:00 часот- Свечено Затворање и доделување на наградите- Престава во чест на наградените:” Поет за Поетите” –НАСТЕАТАР- Иван Перковиќ ( Србија)Фестивалот “Актерот на Европа” беше покренат во 2003 година, од страна на неколку балкански и европски театарски сонувачи, во духот на

Пронајдете не на следниве мрежи: