„Југохром“ не е затворен од страна на Владата, а тоа го потврдува и менаџментот на комбинатот од Јегуновце. Нивна доброволна одлука е од Нова година до крајот на февруари да згаснат две печки.Комбинатот „Југохром“ од Јегуновце времено става клуч на врата. Менаџментот донел одлука поради загадувањето на Тетово капацитетот да престане со работа од Нова година до крајот на февруари. Велат дека иако не се единствениот и најголем загадувач во регионот, доброволно донеле одлука да ги изгаснат и последните две печки.
-Со овој чин Југохром Фероалојс покажува дека има општествена одговорност, дека сочуствува со граѓаните на Тетово и сака да покаже и докаже дека еколошките проблеми се решаваат не само со добрата воља на едната страна, туку напротив треба и општината Тетово да преземе свои мерки во однос на решавање на загадувањето на воздухот“, вели Васко Скендеровски, генерален директор на „Југохром Фероалојс“- Јегуновце во стечај, пренесува МРТ.
Печките ќе се изгаснат утрото на 31- декември за да имаат Тетовци чист воздух за Новата година. Но, Скендеровски е убеден дека нема драстично да се подобри квалитетот на воздухот во Тетово и околината. Повторното ставање на печките во функција е најавено за крајот на февруари.
„Што се однесува до имплементација на системот за одпрашување, Југохром ќе продолжи со истата динамика да ги обавува сите активности поврзани со инсталирање на системот и еколошката дозвола, согласно законските прописи и со полна пареа ќе го имплементира системот за одпрашување“, вели Скендеровски.
Југохром учествува со 7% во вкупниот извоз, односно креира 1 насто од БПД и работно ангажира 1.100 вработени.Комбинатот „Југохром“ од Јегуновце времено става клуч на врата. Менаџментот донел одлука поради загадувањето на Тетово капацитетот да п