Јутјуб наполни 8 години, сеуште расне со неверојатна брзина

Вчера најголемиот сервис за видеа наполни 8 години старост.
Во нетака далечната или пак во далечната 2005 година, како ќе се земе, започна со работа оваа платформа. Таа година Мајкл Џексон го ослободија од обвимување дека напаствувал малолетни деца (тој почина во меќувреме), додека пак Ленс Армстронг ја освои својата седма титула победувајќи на Тур д франс…
Одтогаш многу работи се променија, но растежот на Јутјуб е константа. Тие деновиве изјавија дека во една минута се аплоадира материјал кој трае 100 часа. Тоа се нешто повеќе од 4 дена во само 60 секунди.
Но тие не се загрижени од проста причина што побарувачката за Јутјуб е се поголема. Па така во текот на еден месец, околу една милијарда интернет корисници доаѓаат тука да бараат некаква видео содржина. Тое е отприлика повеќе од половината од вкупниот број на корисници на интернет.
За споредба пред две години на Јутјуб во минута се поставувал материјал во должина од 48 часа, минатата година од 72 часа, додека сега како што кажавме се поставуваат неверојатни 100 часа за само 60 секунди.
По овој повод Јутјуб преку официјален блог пост се заблагодари на сите корисници.
 Вчера најголемиот сервис за видеа наполни 8 години старост.
Во нетака далечната или пак во далечната 2005 година, како ќе се земе, започна

Пронајдете не на следниве мрежи: