Јужна Кореја ја претстави крстосувачката ракета

Јужна Кореја во четвртокот објави дека нејзината крстосувачка ракета може да го погоди кабинетот на севернокорејскиот челник, што се толкува како обид на Сеул да докаже дека не заостанува зад Северна Кореја која седмицава го изведе својот трет нуклеарен тест.Јужнокорејските функционери не сакале да го прецизираат максималниот дострел на проектилот, меѓутоа рекле дека може да погоди цели на која и да е точка од територијата на Северна Кореја.Министерството за одбрана објави снимки од лансирање на ракетата од разурнувач и подморница кои гаѓаат макети.„Крстосувачката ракета којашто денеска е претставена, претставува прецизно наведувано оружје коешто може да идентификува и да погоди прозорец од кабинетот на свернокорејското раководство“, изјавил портпаролот на јужнокорејското министерство за одбрана Ким Мин-Сеок кого го цитира Reuters.
МакфаксЈужна Кореја во четвртокот објави дека нејзината крстосувачка ракета може да го погоди

Пронајдете не на следниве мрежи: