Свадбата на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ сите ја опишуваа како свадба на деценијата.
За свадбата на својот син Вељко, Цеца облече долг фустан во златна боја. На некои им се допадна комбинацијата, но имаше и такви кои коментираа дека се очекувало многу повеќе од неа.
Долгиот фустан во златна боја кој го носеше пејачката Цеца е дело на пејачката Марина Вишковиќ.
Марина Вишковиќ освен со пеење, се занимава и со мода. Таа лично го изработила модното дело кое го носеше фолк пејачката. За ваша информација дознавме колку чини фустанот, неверојатни 1200 евра.
На свадбата на деценијата, Марина носеше модна комбинација која сама ја креирала и едноставно блескаше.