Клиниката за кожни болести ќе биде целосно затворена, севкупниот персонал ќе треба да остане во двонеделна домашна изолација, а пациентите се веќе пуштени дома, велат од Министерството за здравство. Одлуката доаѓа откако тестот за коронавирус на директорката на Клиниката, која пред пет дена се вратила од Италија, а во меѓувреме одела на работа, бил позитивен.
Сите хоспитализирани пациенти ќе бидат префрлени во ГОБ „8-ми септември“. На одделенијата се шири паника меѓу пациенти и дел од нив се обиделе да избегаат по објавата дека директорката на Клиниката за кожно венерични болести е четвртата заразена со коронавирус.
Прочитајте и:
Директорката заболена од коронавирус уште пред една недела била пријавена од колеги на кои им се заканила со откази!
ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!
Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА
За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!
ИНФОГРАФИК ЗА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНА ТУКА!!!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.