Гнев и шок по пресудата од Основниот суд Тетово кај семејството на прегазената Теодора и нејзините другари кои држеа транспаренти пред влезот на судот.
Гимназискиот професор Менсур Пајазити кој смртно ја прегази младата студентка Теодора Ристевска на пешачки премин возејќи со неприлагодена брзина, доби затворска казна од 2 години од Основниот суд Тетово. Таткото на Теодора, откако ја слушна пресудата, не издржа и излета од судницата, со зборовите „уште и наградете го.„ Пајазити ја призна вината и рече дека се чуствува морално одговорен, но семејството на Теодора рекоа дека до овој ден сочуство од Менсур Пајазити не добиле.
Семејството Ристовски велат дека нема да се откажат од барањето Пајазити да добие максимална казна од 5 години за тешки дела против безбедноста во сообраќајот.
Адвокатката на семејството Ристовски очекува обвинителството да поднесе жалба по изречената пресуда.
Главните аргументи на одбраната на Пајазити беа дека таа кобна ноќ било облачно, на булеварот Видое Смилевски-Бато, немало улично осветлување а пешачкиот премин бил лошо обележан. Судијата Ељведин Ферати за олеснителни околности при изречувањето на пресудата ги зеде фактите дека Пајазити е татко на две деца, досега е неосудуван како и тоа дека е старател на неговата сестра која е со здравствени проблеми. Пајазити во својот завршен ги обвини медиумите за вршење притисок кај судската власт и се пожали дека тој бил сензационалистички наречен „убиецот на Теодора„.
Судијата Ељведин Ферати кој му додели две годишна затворска казна на Менсур Пајазити за усмртување на 22 годишната Теодора рече дека оваа пресуда треба да е поука за јавноста за сериозноста на ова кривично дело.
Менсур Пајазити ја прегази Теодора пред три години, а првото судење започна скоро една година подоцна по што Пајазити беше осуден на три години и шест месеци затвор. Апелацискиот суд ја намали казната на две години затвор, но Пајазити поднесе барање за преиспитување на пресудата пред Врховниот суд, кој одлучи да ги укине пресудите на Основниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење.
The post Kолку вреди животот во Mакедонија? appeared first on 365.mk.