Крем супата од компири е одлично предјадење кое со својот богат вкус и арома ќе ги разбуди сите ваши сетила.
Ова е здрава и вкусна крем супа која ќе им се допадне на сите. Ви ја препорачуваме за вашето утрешно мени.
Лесна, брза, но и многу вкусна крем супа од компири. Ви ја препорачуваме.
За СУПАТА ќе ви треба:
1 кг. компир
1 коцка за пилешки бујон
1 парче целер
1 кромид
4 чешниња луксол, бибер и маслиново масло
За послужување ќе ви треба:
Лепчиња или Пченкарен чипс
Подготовка:
Чекор 1: Излупените компири ставете ги во Експрес лонецот да се варат. Додадете коцка за пилешки булјон. Додадете го и целерот исечкан на помали парчиња од компирот за да може да се сварат во исто време.
Додадете и еден кромид исечкан на четири парчиња, 4 чешниња лукче, прстофат сол, црн бибер и маслиново масло. Затворете го капакот и варете околу 10 минути. Доколку го преварите не е страшно.
Чекор 2: Од како ќе се сварени компирот и останатите зеленчуци, целата смеса испасирајте ја. На испасираната смеса додадете го маслиновото масло и павлаката за готвење и почекајте да проврие.