Каде бил Ратко Младиќ цели 14 години?

По апсењето на Ратко Младиќ обвинителството за воени злосторства на Србија разоткрило каде тој престојувал на почетокот на 1997 година, па се до неговото апсење во мај 2011 година.

Истрагата утврдила дека Младиќ имал неколку станови во Белград, а се криел и во околните села, касарни и воени одмаралишта.Тој бил постојано во близина на Белград, а најдалеку бил до Крагуевац, кое е одалечено од само 150 километри од Белград. Интересно е тоа што полицијата и Безбедносната агенција на 5 април 2007 година ги претресла сите објекти во Моштаница, освен еден во кој Младиќ бил во тој момент. Два дена подоцна, тој отишол во Лазарево кај неговиот роднина Бранислав Младиќ, каде е уапсен по четири години. Тој признал дека кај него се криел воениот злосторник за што добил условна казна.
Од 1997 година до 2000 се криел во военото одмаралиште Рајац. Во истиот тој период тој го посетувал и неговиот стан на улицата Благоја Паровиќ во Белград. Две недели секриел во повеќе станови во Белград, за на 1 јуни 2002 година да замине во Сремска Митровица во селото Љуба. Таму бил се до 2005 година, кога повторно се враќа во Белград во стан на улицата Јури Гагарин. Од 26 јануари 2006 година до 7 април 2007 година бил сместен во селото Моштаница во близина на Белград. Таму за малку избегнал апсење, па се префрлил во Лазарево.
Како што пишува Република до 2002 година војската му обезбедувала засолниште, храна и други потребни намирници. За тоа време се придржувал на воената дисциплина и само повремено одел на вечерни прошетки со син му покрај Сава. До 5 октомври одел и во ресторани и на натпревари.
За негова заштита бил формиран специјален Триесетти центар за обезбедување со 10 телохранители, а имал и кувар и келнер. Кога ги напуштил воените објекти, негови јатаци биле воените другари.По апсењето на Ратко Младиќ обвинителството за воени злосторства на Србија разоткрило каде тој престојувал на почетокот на 1997 година, па се до не

Пронајдете не на следниве мрежи: