Каде е Ерзана – ноќната кралица на македонската музичка сцена

Со бум албумот „Без зборови“, Ерзана направи еволуција на македонската музичка сцена, при крајот на деведесетите години и денес важи за едно од најквалитетните музички имиња во историјата на музиката во Македонија.
Нејзиниот албум, кој го издаде Авалон продукција, претставуваше нешто сосема ново и дотогаш нечуено на нашиве простори, со што Ерзана беше и можеме да кажеме дека се уште претставува легендарен женски изведувач кој направи пресврт во музиката и кој служи како пример за младите нови ѕвезди кои доаѓаа на сцената по неа. Таа беше и една од првите пејачки што направи соработка со странски рапер кој пее на англиски јазик, што може да го чуете во нејзиниот хит „Колекционер“.
Ерзана блесна со својата музичка кариера, но љубовта ја смени засекогаш. Таа со својот сопруг Ариан Превала заминаа во Њу Џерси, Америка, каде подоцна во 2001- та година го добија својот син Доријан, за кого таа изјавила дека е премногу сладок и личи на својот татко и дека ужива во својата обврска како мајка. Потоа се губи и трага и глас од неа, очигледно е доста повлечена во својата приватност, но сепак останува како едно од најважните имиња на нашата музичка, некогаш и денес.
Проследете дел од нејзините хитови
 
 Со бум албумот „Без зборови“, Ерзана направи еволуција на македонската му

Пронајдете не на следниве мрежи: