Каде грешите додека се туширате?

Туширањето за сите претставува еден вид антистрес метода во текот на денот, кога се релаксирате и спремате за спиење. Меѓутоа, постојат извесни грешки кои ги правиме под тушот кои можат да наштетат на нашата кожа и здравје. Еве кои се тие грешки:
1. Долго се туширате со врела вода
Нормално дека сите сакаме да се истушираме со топла вода по напорниот ден, посебно во овие зимски температури, но премногу топла вода едноставно не е добро за вашата кожа. Врелата вода ги вади природното масло и влажноста, така што ја остава вашата кожа без заштита и подложна на екцема и други исипи.
2. Користите купки кои премногу пенат
Сапуните и купките кои премногу пенат повеќе штетат на вашата кожа, бидејќи ги вадат нејзините природни масла кои ги произведува за да се заштити од надворешните влијанија. Ваквите купки можат премногу да ви ја исушат кожата и да ја направат чувствителна.

3. Не ја измивате пената од вашето тело во целост
Сигурно многу пати ви се случило да излезете од када, а некој дел од телото не сте го измиле доволно со вода, па сапуницата се задржала на вашето тело. Знаеме дека тогаш е најлесно вишокот на сапуница да го избришете со пешкир, меѓутоа многумина дерматолози предупредуваат дека лошото измивање всушност резултира со иритација на кожата и нејзина сувост.
4. После туширање ставате маска за лице
Многу дами сакаат после туширањето да стават маска за лице за во целост да ги исчистат порите. Всушност дерматолозите советуваат дека маските за лице се ставаат пред туширањето или пред миењето за да не ја исушите кожата од лицето. Се што ставате на кожата по туширање се апсорбира многу побрзо и подобро, отколку кога кожата не е хидрирана.
5. Грубо се бришете со пешкирот
Колку се важни правилата во текот на туширањето, така е важно како ќе ја исушите вашата кожа по туширањето. За да го избегнете сушењето на кожата, немојте грубо да труете со пешкирот за да ја избришете, туку лесно со тапкање на кожата со пешкирот. За да ја регенерирате кожата по туширањето нанесете крема или лосион за тело. Еве кои се тие грешки:
1. Долго се туширате со врела вода
Нормално дека сите сакаме да се истушираме со топла вода

Пронајдете не на следниве мрежи: