Каде исчезна амбициозноста на младите во Македонија?

Да создаде индивидуални личности, потребни на заедницата е најголемиот предизвик на општеството. Меѓутоа, она што општеството го прави е создавање на една униформирана група на исти луѓе. Тоа се луѓе без никаква креативност, посветени само на сопствената професија, независно дали таа ги прави среќни или не. Тие оддамна се изгубиле во црната прашина околу нив која не им дозволува да ги видат добро своите можности и истите да ги искористат па користат само толку колку што е потребно да се вклопат. Без никаква желба да се истакнат и да остават печат на човештвото.
Причина? Каде да се бара причината за ваквиот развој на личности, млади луѓе кои слепо ги следат општествените правила, се развиваат во тоа што се бара од нив, а не во тоа што тие сакаат. Прашањето што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш, крие многу повеќе од една детска желба. Тоа е страст и стремеж во животот. Нешто кон кое целиш и се обидуваш да успееш и покрај сите падови, но те одржува љубовта кон желбата да ја оствариш.
Нема поголема среќа од тоа, да го сакаш тоа што го правиш, да го подржуваш својот избор и да бидеш исполнет со својот живот. Робови на општеството има премногу, а колку луѓе навистина се амбициозни да се спротистават и да се обидат да се реализираат без разлика на сите препреки? Дали лесното стигнување до дипломата на факултетот ги обесхрабрува младите и им ја одзема страста, желбата, креативноста и амбицијата?
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Да создаде индивидуални личности, потребни на заедницата е најголемиот предизвик на општеството. Меѓутоа, она што општ

Пронајдете не на следниве мрежи: