Според извештајот на лекарите, здобиените изгореници на грбот, задникот и нозете на починатата Леона, не одговараат со тврдењата на нејзиниот татко дека по грешка ја истуширал со топла вода.Лекарите сѐ повеќе се сомневаат во верзијата на приказната на Александер С., кој својата двегодишна ќеркичка Леона (2), за казна ја испрскал со врела вода и која од здобиените повреди починала по две недели во виенската болница „Донаушпитал“, пишува австрискиот весник „Остерајх“.
Имено, тој тврди дека за казна сакал да ја испрска својата ќерка со ладна вода, но дека по грешка пуштил врела вод на неа.
Според доказите, лекарите не се сложуваат со оваа теорија. Имено, тие сметаат дека тој ја спуштил малата Леона во када со врела вода и дека извесно време ја држел во неа. Исто така, се поставува и прашањето зошто мајката (25), тешко повредената Леона ја однела во болница дури 26 часа од здобивањето на повредите, каде што во болница беше утврдено дека девојчето претрпело изгореници од втор степен.
Во меѓувреме, Александер го ангажирал познатиот виенски адвокат Роланд Фрис, кој сега тврди дека неговиот клиент не ја изгорел ќерката за казна, туку дека всушност се работело за несреќен случај.Лекарите сѐ повеќе се сомневаат во верзијата на приказната на Александер С., кој својата двегодишна ќеркичка Леона (2), за казна ја испрскал со вре