КАДЕ ОТИДЕ СВЕТОТ? Се купуваат лажни „Фејбук“ девојки за…

Лажна фејсбук девојка наводно ќе ги наведе сите жени за кои сте заинтересирани да помислат дека сте добра „прилика“, или пак со сигурност оние поранешните девојки ќе ги направи љубоморни.Американската интернет страница Фивер на своите корисници им нуди широк спектар на услуги по цена од 5 долари – од персонални честитки на социјалните мрежи, изработка на вашето CV или биографија за да звучи попривлечно и слично.
Така лажна интернет девојка може по ниска цена на челото да го испише вашето име со кармин, да ви остави љубовен коментар на ѕидот на ФБ или само да ја лајкува секоја ваша објава. Зошто некој тоа би го посакал? Па, луѓето стануваат поинтересни во љубовна смисла, ако некој друг е „луд“ по нив, а цел концепт на ангажирање на лажна девојка е да се привлече вниманието на другите дами врз себе или пак да ги направи поранешните девојки љубоморни.
Наводна лажната Фејсбук девојка ќе поттикне секоја онаа која ви се допаѓала, да размисли што можела да има откако ќе види дека имате друга девојка и ќе направи се за да ја избрка од вашиот живот, пишува The Guardian.
Stuart Heritage колумнист на The Guardian, зборува за своето искуство со „лажна девојка“.
„Мојата лажна девојка од Фивер, Марта, можеби беше Французинка, можеби од Азија тешко беше да се одреди. На фотографијата изгледаше многу згодно и нудеше пишување на љубовни пораки по мојот ѕид што за сигурно ќе направат се за мојата поранешна девојка да стане љубоморна….

 

Го проверив нејзиниот профил, за да проверам дали си одговараме. И се допаѓа Saul Williams, јас сум слушнал за него, сака тибетанска мода, а јас знам каде е Тибет. Сака нешто што се нарекува „градина на емоциите“, а моите родители имаат градина. Одлично, создадени сме еден за друг.
Сепак, воопшто не добив реакција од девојката која ја ангажирав. Марта испадна бесчувствителна девојка која под фотографијата од моите нозе во завој напиша: „ауч“. Истото тоа дури и позагрижено, го напиша мојата тетка 3 часа пред неа. Три дена по ред не напиша ништо. И пратив приватна порака: „Марта, дали е се ок? Не се слушнавме денес…“ Најмив жена на која не и беше гајле за мене, па после долго размислување одлучив да ја изневерам Марта. Најдов друга која со своите заводливи коментари ќе ја направи Марта љубоморна. Вероника рече дека има клиенти ширум светот од 17 до 75 години, а најчесто тоа се мажи кои после раскинувањето имаат потреба да си подигнат своето его.
Најсмешно од се беше што постовите од Вероника предизвикаа реакција кај Марта.
На ѕидот ми напиша дека сум го оставил моето ланче кај неа во стан. Потоа Вероника реагираше и на оној пост со моите повредени нозе во завој, па напиша дека ќе ме бакне за да помине болката. На постот дека сум во врска со Марта стави дислајк. Моите две лажни девојки беа љубоморни една на друга, тоа беше фантастично.
Многу брзо стварноста „ми удри шамар“, а ситуацијата повеќе не беше забавна. Како прво, сфатив дека нив ги интересираат само моите неколку долари,. Друга и уште поважна работа беше тоа што никој не го интересираше целата таа ситуација, моите фејсбук пријатели очигледно воопшто не беа заинтересирани за мојот љубовен живот. Полека ги отфрлив и Вероника и Марта и сфатив: Фејсбук моѓе да користи за многу работи, како што е контакт со пријатели и роднини и малку забава во облик на воајеризам. Но не користи за да донесе исполнување, љубовна среќа или било што такво слично….“Американската интернет страница Фивер на своите корисници им нуди широк спектар на услуги по цена од 5 долари – од персонални честитки на соц

Пронајдете не на следниве мрежи: