Каде отидоа парите за настапот на Стив Аоки?

Најавата за црвено-белата ноќ во Центар, чие внимание на младите го привлече диџејот Стив Аоки, заврши со разочарување и лутина.Стотици млади луѓе чекаа со часови за да се појави светски познатиот диџеј на сцена и да започне настанот, додека градоначалникот на топло се фотографираше со Стив Аоки со опис дека чекаат да преврне и конечно да започне забавата.
Беше исплатена сума од приближно 2 милиони денари за организација на настанот од буџетот на општината, а публиката сведочеше на досега незаборен перформанс – празна сцена и необјаснување зошто никој не ги извести на време за да не чекаат и џабе да киснат по дождот, чекајќи го омилениот доџеј да започне со настапот.
Жерновски претходно на 19.05.2016 распиша тендер за јавниот настап на ди-џејот Стив Аоки, чија процедура беше поништена од страна на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Веднаш потоа, Андреј Жерновски на ден 02.06.2016, еден ден пред настанот кој беше закажан на 03.06.2016, побарал од Советот за јавни набавки одобрение да договори озвучување во постапка со преговарање без објавен оглас, во висина од 900.000 денари без ДДВ или целосна сума од 1.062.000 денари. Поради низа недоследности Советот за јавни набавки не го одобрил барањето.
Предвидениот настан беше откажан поради неможноста да се одржи поради временските неприлики. Потоа беше додадено дека не може да почне во 23 часот поради нарушување на јавниот ред и мир.
Скоро два милиони денари отидоа со дождот, а се наметнува прашањето како ќе се оправда овој трошок?
Со оглед на тоа што влезниците за настанот беа бесплатни, а беше фрлена оваа сума на пари, се наметнува прашањето дали организацијата на настанот е обид да се префрлат средства за пропаганден материјал на учесниците во шарената револуција и спонзорирање на нивните идни активности?Стотици млади луѓе чекаа со часови за да се појави светски познатиот диџеј на сцена и да започне настанот, додека градоначалникот на топло се фотог

Пронајдете не на следниве мрежи: