KАДЕ ПОБЕГНАА 500 ИЛЈАДИ ФАНТОМИ?

Еден период од оваа година во светот ќе биде запаметен по виртуелната игра лов на покемони кој, пак, кај нас се совпаѓа со промоцијата на големата политичка игра лов на фантоми. И додека низ светот се забавуваа со покемоните, ние повеќе месеци се заморувавме со лов на половина милион фантоми, што во Избирачкиот список ги „откри“ опозициската СДСМ. А тоа беше и една од главните причини за оспорување на резултатот од парламентарните избори во 2014 година.Потрошивме неколку месеци, нерви и средства од буџетот за разни вкрстувања на списоци, за експерти за фантоми, за прекувремена работа на Државната изборна комисија… Со единствена цел фантомите да бидат откриени и елиминирани од Избирачкиот список. За залудно вложен труд и средства, од кои нема ефект, народот има една изрека – немал Суљо работа, си ја превива чалмата. Сега знаеме дека е така откако ДИK го објави валидниот Избирачки список во кој има точно 1.784.416 граѓани со право на глас.
А не така одамна, покрај другите причини и откритија за оспорување на изборните резултати, лидерот на СДСМ, Зоран Заев обелодени дека изборите им се украдени со 500.000 фантомски гласачи за владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Некогаш кога човек ќе каже глупост од нејзината големина и сам ќе се подисплаши. Па, набргу по ова „револуционерно откритие“ опозицискиот лидер ја спушти бројката на 300.000 фантоми. И продолжи да се пазари и спушти на 150.000 фантоми.
Но, партискиот есап не излегува на изборниот пазар. Сега, по сите „потраги и чистења на списоците“, јасно е дека фантомите што ги изброја опозицијата ги нема. Нејзиниот ќар од употребата на измислените илјадници фантоми за оспорување на победата на политичкиот противник, на опозицијата краткорочно и покористи за оправдување на сопствениот пораз, како и за наелектризирување на атмосферата кај граѓаните или барем кај дел од нив.
Ама математиката е неумолива. Ако имаше половина милион фантоми само до пред некој месец, денес Избирачкиот список, кој го потпиша претседателот на ДИK избран токму од опозицијата, ќе беше едвај 1,2 милион, а не како што е со повеќе од 1,7 милион гласачи. И со неколку илјади повеќе отколку Избирачкиот список за оспорените парламентарни избори во 2014 година.
Тоа, пак, уште еднаш потврди дека на секоја лага, што значи и на големите, кратки им се нозете. Може да се игра на кратки патеки и за ситни политички добивки, со манипулации како со фантомите, но треба да се мисли и за подолгорочни добивки и загуби од неразумните потези. Kога ќе се потцени интелигенцијата на тие на кои им е наменета играта, цената мора да се плати. А тоа се случува на избори, кога на потег се „фантомите“, кои ја испорачуваат сметката во која, покрај другото, е пресметана и цената на политичката лага и нејзините шиткачи.
Димитар Грумар за ДневникПотрошивме неколку месеци, нерви и средства од буџет

Пронајдете не на следниве мрежи: