Британската терористка Саманта Лутвеит, позната како „Белата вдовица“ се крие во оддалечените реони на Сомалија, заедно со други членови на терористичката група Ал Шабаб.Откриено е каде се крие „Белата вдовица“.
Весниците во Лондон пишуваат дека одметната Британка, по која има меѓународна потерница, самата ја откри својата локација, откако на Твитер напиша дека патува кон еден град во Сомалија, кој е далеку на периферијата од оваа просторна, но ретко населена земја на Рогот од Африка.
На социјалната мрежа, Лутвеит напишала дека се загубила низ пустите и празни реони на земјата, движејќи се кон планинсиот масив Галагала. Локацијата што таа ја има опишано се наоѓа близу до градот Бари.
Лутвеит е по четврти пат мажена за еден од водачите на терористочката група Ал Шабаб. Во Кенија таа и порано беше на потерничка листа, а сега Лутвеит се бара за учество во тарористичкиот напад во Најроби, кога во масакрот во модерниот трговски центар во кенискиот главен град, беа убиени повеќе од 60 луѓе,меѓу кои и деца,како и дваесетина странски државјани.Откриено е каде се крие „Белата вдовица“.
Весниците во Лондон пишуваат дека одметната Британка, по која има меѓународна потерни