Каде се води посреќен живот во Европа или Америка?

Според сите истраживања , а и според самиот начин на живот се забележува дека разликите помеѓу Америка и Европа се значително големи.

Американците сакаат да работат, додека пак Европејците се посреќни ако избегнат дел од работата на сметка на уживањето. Според едно интересно истраување докажано е дека вработените во Европа кои имаат подолго работно време се понесреќни од оние кои имаат пократко работно време, додека пак ситуацијата во САД е сосема обратна.
Секако, според податоците од анализата, не може да се шпекулира за точната причина за среќата или несреќата, но се претпоставува дека овој ефект е поврзан со очекувањата кои ги има една личност и таа личност го мери успехот.
Во Европа луѓето кои работеле околу 60 часа неделно се изразиле како релативно незадоволни за разлика од оние кои работеле околу 30 часа неделно кои пак се изјасниле како многу среќни во врска со работното време. Но , не се сметале детални податоци како возраст, брачен статус и домашни приходи.

Без деталните податоци, постојат неколку потенцијални објаснувања за предизвикувачите на среќата или несреќата кога се работи за работното време.
Резултатите зависат од различните погледи на Европејците и Американците. Познато е дека во вропа се понаклонети кон уживање во животот, додека Американците се понаклонети кон создавање и зголемување на богатство.
Американците сметаат дека богатството носи среќа, особено ако нивниот приход е поголем од приходот на другите околу нив. И како што го зголемуваат богатството, се зголемува и општото задоволство во животот. Но, парите не значат целосно уживање, кое денес зависи повеќе од социјалните и физичките фактори и постојните пријателства.
Улога во сето ова има и плаќањето данок. Даноците во Европа се поголеми, додека Американците плаќаат нешто помали даноци, што значи дека подолгото работно време значи поголема заработка за Американците. Сепак, не треба да се зема Европа како цел континент, туку да се анализираат посебните земји.
Исто така постојат и различни критериуми за среќа. Дали под среќата ви зависи од задоволеноста од семејниот живот, задоволеноста од здравјето, задоволеноста со својот приход, или пак од задоволеноста од работата….Според сите истраживања , а и според самиот начин на живот се забележува дека разликите помеѓу Америка и Европа се зна

Пронајдете не на следниве мрежи: