Власта и опозицијата со обвинувања кој е виновен за состојбите во земјоделството

Обвинувања за доцнење на субвенции за земјоделците и коруптивни скандали до одбрана дека министерот е секојдневно на терен и ги решава проблемите, вака тече интерпелацијата за министерот за земјоделство Цветан Трипуновски што ја поднесе опозициската СДСМ.
Опозицијата обвинува дека државата од производител на храна, станала увоз на храна, а власта тврди дека спстојбите во земјоделството се наследени од претходниот министер Љупчо Николоски кој ги образложи причините за поднесената интерпелација.
– Вашиот мандат има три збора – неисполнети ветувања, ароганција и корупција на сите нивоа, рече Николовски.

Опозицијата обвини и за сериозни институционални злоупотреби и кадровски притисоци во земјоделските институции и за доцнење на субвенциите за земјоделците.
– Земјоделците се оставени без поддршка, субвенциите доцнат, земјоделството тоне без одговорност, рече Сања Лукаревска од СДСМ.
Власта со пораки до опозицијата – да имавте вие министер за земјоделие како што е Цветан Трипуновски за овие две години немаше да седите во тие клупи таму и немаше сега да му се заканувате дека за скоро ќе седел таму.
– Вие уште долго ќе седите таму, седите и молчете. Само немојте да мислите дека тука залегнати ќе и се скриете на правдата, рече пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.
Го оставивте земјоделството во хаос,  а министерот Трипуновски ви боде очи затоа што е нон стоп на терен помеѓу луѓето, рече Лидија Петкоска од ВМРО-ДПМНЕ обраќајки и се на опозицијата.
И додека власта и опозицијата во законодавниот дом се препукуваат кој е виновен за состојбите во земјоделството, најмал бенефит од целата ситуација имаат земјоделците кои секојдневно се на терен.

The post Власта и опозицијата со обвинувања кој е виновен за состојбите во земјоделството appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: