КАДЕ СЕ? Знаете ли зошто НИКОГАШ не сте виделе МАЛО гулапче?!

Дали некогаш сте се запрашале зошто никогаш не сте виделе малечко гулапче иако овој вид на птици веќе стотина години живеат во близина на населбите каде има луѓе.Иако прашањето е интригантно, одговорот е исклучително едноставен, а поаѓа од фактот дека обичните гулаби и дивите всушност се еден ист вид на птици. Единствена разлика е местото на нивното живеење, но начинот на размножување е ист.
Имено, дивите роднини на обичниот гулаб своите млади ги чуваат во дупки и пукнатини во карпи, а нивните градски роднини покрај недостатокот на карпи проблемот го решаваат така што наоѓаат пукнатини во високите објекти направени од човековата рака.
Со оглед на тоа дека развојот на младите гулаби трае дури 40 дена, што е двојно повеќе од повеќето градски птици, па не е необично што луѓето скоро никогаш не виделе или барем не забележале млади птици кои живеат на градските плоштади и улици…

Врвовите на кулите, таваните високи куќи, пукнатини во покривите на облакодерите и дупките под мостовите се чести локации на гнезда на гулаби кои своите млади ги хранат со повраќање на полусварената храна. Откако ќе поминaт тие 40 дена зависност од родителите, младиот гулаб полетува од местото и се меша со постарите птици, од кои речиси не се разликува.
Сепак, еден од начините да се забележи млад гулаб е бојата на пердувите која никогаш не е светло зелена или пурпурна боја, каква што е кај постарите гулаби.Иако прашањето е интригантно, одговорот е исклучително едноставен, а поаѓа од фактот дека обичните гулаби и дивите всушност се еден ист вид на птиц

Пронајдете не на следниве мрежи: