Кадија Даре: „Сакам да бидам првата Британка која ќе убие британски или американски терорист“

Една Британка кој што отишла во Сирија за да им даде поддршка на џихадистите и Исламската држава, предизвика згрозување и осуда во јавноста. Имено, таа се пофалила дека сака да стане првата жена која ќе им ги отсече главите на американските или на британските војници.Истата девојка го величела суровото убиство на американскиот новинар Џејмс Фоли.
„Сакам да бидам првата Британка која ќе убие американски или британски терорист“, на Твитер се пофалила Кадија Даре.
Таа пред камерата позирала со пиштол и АК-47 Калашников, со кој дури оди по купување на намирници.
Оваа 22-годишна девојка од Лондон се омажила за џихадистот Абу Бакра од Шведска и им испрати порака на останатите муслимани и потенцијални џихадисти да не бидат себични, туку да дојдат да им помогнат на своите браќа во Сирија и Ирак.
Даре пристигнала во Сирија во 2012 година и е активен корисник на Твитер.
Погледнете го видеото:
Истата д

Пронајдете не на следниве мрежи: