Кафе- дебата на тема улогата на жената во креативното творештво

Францускиот институт во Скопје има чест да Ве извести и да ве покани на кафе-дебата насловена како „Улогата и местото на жената во креативнoто творештво“. Настанот ќе се одржи в петок 6 март 2015, во 19 часот, во Францускиот институт во Скопје, а воедно ќе биде промовиран и Универзалниот речник на Креаторките, во кој се застапени имиња на неколку македонски уметници.Настанот ќе се одвива на македонски јазик, а модератор на дебата ќе биде новинарката Ана Јовковска.
Дебатата ќе ја отвори Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција, која ќе проговори за најмаркантните жени уметници во Франција, а учесници ќе бидат:- Г-ѓа Јана Манева-Чупоска, сликарка, дизајнерка и универзитетски професор,- Г-ѓа Лабина Митевска, актерка и директорка на фестивалот „Браќа Манаки“,- Г-ѓа Амернис Нокшиќи, актерка.Настанот ќе се одржи в петок 6 март 2015, во 19 часот, во Францускиот институт во Скопје, а воедно ќе биде промовиран и Универзалниот речник н

Пронајдете не на следниве мрежи: