На првиот ден од Божикниот пост преку кој православните верници ќе се подготвуваат за достојно да го пречекаат Божик. Со голема радост Ве известуваме дека први гости во Манастирот во Рајчица каде што веќе со години наназад токму на овој ден почнуваат да се делат Божикните пештери како еден од главните симболи на празнувањето, беа Даниел Кајмакоски со сопругата Христина и синот Давид и Димитар Андоновски со сопругата Христина и синот Михаил.Дочекани со голема радост од сестрите во Манастирот, чија главна грижа во овој период од годината, е да снабдат што повеќе домови и институции со еден од најубавите симболи на празникот – Божикната пештера, Даниел, Димитар и нивните семејства уживаа во изобилство од љубов и внимание од сестрите, потпомогнати од поголема група деца од Охрид и Скопје кои редовно доаѓаат да помагаат во декорирањето на пештерите.
Во продолжение на овој допис, Ви испраќаме линк со изјави и инсерти од ова прекрасно дружење, единствено по многу нешта, за што сведочат и насмевките на малите Давид и Михаил, синовите на Даниел и Димитар, кои исто така ќе ги забележите во материјалот што Ви го ставаме на располагање во целост.
Ова е само првата од многуте активности кои претстојат во периодот што следи, а за кои со голема радост ќе Ве известуваме.
Подготовката на Божикните ѕвезди, како уште едeн важен симбол на Божик, е следната активност за која ќе Ве информираме деновиве, овој пат во друштво на други познати омилени ликови.
Поддржани од многу пејачи, актери, водители, спортисти и други јавни личности, во периодот што следува, ќе Ви ја презентираме и сликовницата што специјално ја подготвуваме за овој Божик, а формирањето на групи деца низ цела Македонија кои ќе ги сочинуваат овогодишните Бадникови поворки што на 6-ти Јануари ќе ги обиколуваат улиците на голем број градови во Македонија, како и учењето на древната православна традиционална песна „Вечниот Бог“ во друштво на најпознатите пејачи од светот на забавната музика, ќе бидат исто така настани за кои со задоволство ќе Ве информираме.Дочекани со голема радост од сестрите во Манастирот, чија главна грижа во овој период од годината, е да снабдат што повеќе домови и инсти