Како апостолките ги уништуваат вашите стапала

Апостолките се на многумина најдрага летна обувка, меѓутоа, ако претерате со носење можете да си предизвикате неколку здравствени проблеми.
Освен очигледниот недостаток на заштита, заради изложеност на стопалата, вашата најдрага обувка може да биде многу штетна за вас и вашите коски и тетиви.
 
„Стопалата се главната потпора на целото тело. Тие се базата на скелетот“, изјавила Џеки Сутера, ортопед од Њујорк.
 
Меѓутоа, како и се друго, важна е и умереноста.
 
Доколку апостолките ги ностите само на плажа, а не се ваш први избор за во секоја прилика, не можат да ви наштетат многу.
 
Двајца стручњаци, ортопедот Кери Зинкин и портпаролот на Американското здружение на ортопеди, Џеки Сутера, откриле што точно се случува со вашето стопало кога ги носиме апостолки.
 
Заради тенкиот слој на ткаенина или гума која ја држи вашата нога на самата апосотлки, додека ги носите со вашите прсти морате да ја зграбувате апосолката и на тој начин мускулите и тетивите поради преголемиот напор можат да ве болат, дури и да се воспалат.
 
Одењето во тенки апостолки може да предизвика и фрактура во коските на стопалото кое настанува заради трајно изложување на траума бидејќи немаат цврста основа.
 
Истражувањето во Универзитетот во Мајами во 2009 година, откриено е дека пар апостолки на себе имаат околу 18.000 бактери, вклучувајќи ја и опасната бактерија стафилокока, како и бактерии кои се наоѓаат кај фекалиите.
 
Местото меѓу прстите кое е најнезаштитено и каде што измеѓу стои одреден материјал од кој апостолката е направена, исто така може да наштети. Кај поосетливата кожа може да предизвика црвенило, дури и пликови.
 
Во обивки со повеќе потпора се движите поинаку отколку кога ги носите овие апостолки. Во нив, вашите чекори се пократки и ја допирате земјата со помалку вертикална сила, што може да доведе до промена на вашиот природен од и да предизвикате болки во целото тело.
 
Заради апостолките можете да имате и болки во петите. Имено, овие обувки дозвулуваат на петата константно да се одлизгува од апостолката затоа што не е фиксирана, па со тек на времето можат да се појават болки.
Извор: denesen.mkАпостолките се на многумина најдрага летна обувка, меѓутоа, ако претерате со носење можете да си предизвикате неколку

Пронајдете не на следниве мрежи: