Како БЕЗ ХЕМИЈА да ги исчистите загорените маснотии од садовите!

Тавчињата се незаменливи кујнски садови. Ги користиме често, а понекогаш не само едно туку и повеќе во текот на денот. Затоа не е ни чудо многу брзо на нивното дно да се појави слој од маснотија.Хемиските методи за отстранување на маснотиите често се неефикасни. Со хемијата мораме да работиме со гумени ракавици а мирисот од сите тие производи на куќната хемија е неподнослив и може да предизвика алергија.
Меѓутоа постојат доста едноставни начини за отстранување на загорените маснотии и тоа брзо и ефикасно без употреба на хемија.
1.Лесен начин да ја исчистите маснотијата
Исчистете еден компир од средна величина. Исечете го на пола и една половина ставете ја во сода бикарбона.
Потоа со половината компир трлајте како со сунѓер на дното од тавчето. Треба да вложите малку напор но резултатот ќе биде видлив моментално, што додатно ќе ве инспирира.
2.Маснотиите на ѕидовите на тавчето или тенџерето можете да ги отстраните и со обични ќесички од чај
Земете сува неискористена ќесичка од чај и едноставно поминете со неа по внатрешноста на ѕидовите од тенџерето или тавчето на кое останало маснотија. Веднаш ќе забележите како маснотијата се раствара и како се впива во чајната ќесичка. 2-3 ќесички од чај и кажете им пријатно на маснотиите. За оваа употреба користете го најефтиниот чај.
3. Маснотијата од тенџерињата, тавчињата можете исто така да ја отстраните со миење со сода бикарбона
Земете поголем сад во кој можете да го ставите тенџерето или тавчето и во него ставете 4-5 кашички сода бикарбона и прелијте со вода. Ставете го на оган и провријте го 30-40 минути. Потоа само пребришете ги своите садови. За оваа метода не е потребен никаков напор но нејзиното изведување треба време.
Помалку хемија подобро за вас и за вашите деца. Бидете здрави а вашите садови нека ве радуваат со својата чистотија.  Хемиските методи за отстранување на маснотиите често се неефикасни. Со хемијата мораме да работиме со гумени ракавици а мирисот од сите тие произво

Пронајдете не на следниве мрежи: