Како да ги надминете причините ПОРАДИ КОИ избегнувате да одите на гинеколог?

Многу девојки се свесни дека со нередовното одење на гинеколог си играат со нивното здравје и нивниот живот. Знаејќи го тој факт, девојките свесно го избегнуваат прегледот поради 3 причини кои ги сметаат за главни виновници!Најчесто, овие 3 причини се главните виновници поради кои многу девојки одбегнуваат да одат на гинеколог. Затоа ви нудиме совети кои би ја ублажиле несигурноста, стравот и секако, непријатноста.
1. Страв
Лесно е да кажете дека треба да одите на преглед, но што ако нешто навистина не биде во ред? Па така повеќето жени се водат по правилото „ако не го знам проблемот, тогаш исто како да не постои.“ Така стигнуваат до гинеколог дури кога работите ќе се искомплицираат. Полипите, габичните инфекции и малигните израстоци преку ноќ може да создадат сериозен проблем, па затоа многу попаметно ви е на 6 месеци да одите на лекар. Така барем мирно ќе спиете.
2. Несигурност
Што ќе помисли кога ќе види дека не сум издепилирана? Треба ли да се избричам? Дали градите ми се нееднакви? Што ако непријатно мирисам? Несигурноста е нормално, но да ви олесниме – сеедно е. Гинекологот не ви ги гледа влакната, ниту разликата во градите. Ако мирисот ви е проблем – ставете миризлива дневна влошка. Се она што вие го гледате, тој нема ни да го забележи. Ниту сте прва, ниту последна која влегла во ординацијата со проблем.

3. Непријатност
Секоја жена има некој изговор кој и создава непријатност. Знаеме дека постојат гинеколози кои знаат да бидат груби или да имаат остар јазик. Затоа постои здружение за заштита на пациенти. Пожалете се и побарајте нов гинеколог кој ви одговара. Распрашајте се, соберете препораки и пронајдете некој кој е добар во својата работа. Едно лошо искуство не е изговор.Најчесто, овие 3 причини се главните виновници поради кои многу девојки одбегнуваат да одат на гинеколог. Затоа ви нудиме совети кои би ја ублажиле

Пронајдете не на следниве мрежи: