Шницли кои ќе ги обожавате.Потребни состојки:
(за четири лица)
600 гр телешки шницли или кртина месо, 2 јајца, сол, млеко, брашно, лебни трошки, масло
Декорација: кришка лимон, магдонос
Прилог: салата од компири, краставици, домат, мајонез и сл..
Исечете 4 телешки шницли кои планирате да ги искористите за вкусен оброк. Рабовите благо засечете ги.
Шницлите покријте ги со целофан и нежно исчукајте ги. Дебелината е индивидуална, некој сака подебело, некој потенко месо, но вообичаената дебелина е околу 6 мм.
Шницлите посолете ги подеднакво од двете страни. Нека постојат неколку минути.
Јајцата изматете ги со вилушка, никако не со миксер. Извалкајте ја шницлата во брашно и натопете ја во јајце. Месото извалкајте го и во лебни трошки. Благо истресете после последниот чекор. Веднаш ставете ја во тавче во кое претходно сте загреале повеќе масло (2-3 см).
Со постојано поместување на тавчето пржете ги шницлите. Потребно е од 3-5 минути и месото ќе биде готово.
Најзгодно е месото да го превртувате со виљушка. Кога ќе биде готово извадете го од тавата и ставете го на кујнска салфета за да се исцеди од маснотијата.
Добар апетит!
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна, здрав начин на живот, пијалаци, диети, животни искуства и сл. можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК, и на фан страната на Фејсбук.Потребни состојки:
(за четири лица)
600 гр телешки шницли или кртина месо, 2 јајца, сол, млеко, брашно, лебни трошки, масло