Ви се најавија роднините или пријателите на гости, а вие не знаете што да им понудите за вечера? Или пак се договоривте да вечерате во ресторан кој вие ќе го одберете? Откријте според хороскопскиот знак што да им понудите на вашите пријатели кога ќе ви дојдат на гости.
Овен
Штом седне, веднаш понудете му аперитив, бидејќи тој не сака да чека. За мезе понудете му сирење и малинки, а како главно јадење изненадете го со некој специјалитет од месо, или скара. За десерт понудете му овошна торта и чаша ладен газиран пијалак.
Бик
Бикот е голем гурман, и сака да ужива во јадењето со добро црвено вино. За предјадење понудете му нешто сувомеснато, а како главно јадење подгответе му сочна шницла со некој вкусен сос. За десерт израдувајте го со чоколадна торта.
Близнаци
Близнаците сакаат да пробуваат различни работи, што секако е случај и со храната. Може да почнете со некои едноставни грицки, како кикирики или сончоглед. Потоа преминете на салати со што повеќе состојки, и некое разноврсно главно јадење. Најидеално е близнаците да ги однесете во некој кинески или италијански ресторан.
Рак
Ракот најдобро ќе го придобиете со некој добар десерт, на пример сладолед со прелив од јагоди и малини. А пред тоа, ќе му угодите со месо на скара или риба со салата од компир и блитва. И оставете го да ужива во јадењето, бидејќи ќе му е многу неудобно ако постојано внимавате дали чашата му е празна.
Лав
Лавот седнете го на чело на масата, бидејќи тој секогаш сака да е во центарот на вниманието. Тој тоа ќе го забележи и ќе ве опсипе со пофалби за добро зготвената храна и изборот на истата. Лавовите сакаат вистински гозби, но не би им пречело и ако ги однесете на едноставно место, на плескавица и пиво за машките лавови, или пак некој нискобуџетен рибен ресторан за лавиците. Тирамисуто би бил идеален десерт за лавовите.
Девица
Иако тежнеат постојано да јадат здрава храна, нема да одбијат месо на скара или нешто слично. Ним би им угодиле ако на посебен начин ја поставите масата за вечера. Покрај што се внимателни за естетика, девиците се и најдобрите готвачи од зодијакот. За десерт, понудете им сладолед или некој овошен куп.
Вага
Вагите повеќе јадат со очите отколку со устата, па затоа потрудете се јадењето да биде убаво послужено и декорирано. Вагите сакаат добра атмосфера за вечера, добро друштво, добра музика, добра средина… За крај можете да ја изненадите вагата со сладолед со прелив од карамела.
Скорпија
Вистинско задоволство е да угостувате скорпија. Тие уживаат во секој момент од вечерата, ода аперитивот и кикириките, па се до чашата рум на крајот. Ако одите во ресторан, не се изненадувајте ако скорпијата нарача нешто неочекувано и егзотично. Како и да е, тие ќе ве опсипат со пофалби, но и да не кажат ништо, изразот на нивното лице ќе ви каже дека се задоволни. И секако, скорпиите полесно ќе одолеат на храната отколку на згодните келнери и келнерки.
Стрелец
Стрелецот е авантурист, па сака да пробува нови јадења. Нека не ве изненади тао ако во ресторан тој го нарача истото јадење како луѓето на масата до вас. Најмногу ќе му угодите ако го однесете во некој егзотичен ресторан, на пример, индиски или тајландски. За десерт понудете му свежо сезонско овошје.
Јарец
Ако го носите некаде на вечера, имајте на ум дека јарецот сака места кои се на добар глас, каде одат многу луѓе, и каде има одлична храна. Тој сака традиционална кујна, па може да му понудите колбаси со сирење, со врела погача и црвено вино. За десерт може да му понудите баклава или овошни слатки со чоколаден прелив.
Водолија
Водолиите многу нередовно се хранат. Секогаш само грицкаат нешто на брзина. Водолијата можете да ја однесете во екој новоотворен ресторан, каде има добра понуда на чорби, пити, пршута, разни видови сирење и слично. За десерт, што и да е, смао нека има шлаг.
Риби
Рибите се добри познавачи на кујната и сакаат да уживаат во салати и специјалитети од морски плодови. Најдобро би било рибата да ја однесете во италијански ресторан. Штом седнете веднаш нарачајте и го омилениот пијалок, за кој претходно дискретно сте се распрашале. Потоа нарачајте различни предјадења, па шпагети со морски плодови, а за потоа можете да се договорите. Рибата го цени трудот кој го вложувате, па ќе ве пофали за изборот дури и ако не и се допадне храната.
Овен
Штом седне, веднаш понудете му аперитив, бидејќи тој не сака да чека.