Појадувајте како богаташ, а вечерајте како сиромавСе ближи летото и секој сака на плажа да изгледа како да е излезен од насловна страница. Затегнатото и вито тело нè прави посамоуверени. За да не бидете исфрустрирани ова лето додека гледате згодни момци и девојки, а вие да се криете со пешкирот, фатете се за работа.
Ќе ви понудиме неколку совети со кои не е доцна да добиете посакувани резултати. Пивските наслојки што видливо се таложеа на вашето тело за време на зимата ќе станат минато.
Од овој момент одлучете се дека ќе бидете на режим на исхрана. Не гладувајте, само редуцирајте ја храната попаметно. Јаглехидратите не се внесуваат напладне и навечер, за разлика од протеините. Заборавете ги чипсовите и останатите грицки и сето тоа заменете го со многу салата. Благото не смеете ни да го замислите, истото важи и за алкохолот. Никако не посегнувајте по леб и бели печива, консумирајте квалитетна, а не храна со квантитет.
Појадувајте како богаташ, а вечерајте како сиромав, тоа нека ви биде главното мото од овој момент. За еден месец нема да се препознаете.
Сето ова зачинете го со добро вежбање или трчање, а доколку тоа ви звучи одбивно, заменете го со брзо пешачење четири пати неделно.
Среќно!
Се ближи летото и секој сака на плажа да изгледа како да е излезен од насловна страница. Затегнатото и вито тело нè прави посамоуверени. За