Како да го спасите уништеното јадење

Доколку сте ја пресолиле или сте ја превариле храната, не паничете! За да не го фрлите јадењето, погледнете ги овие совети како да спасите супа, салати и торти. Сега можете да готвите без стрес.Преварено пилешко
Кога ќе го преварите пилешкото до таа маера тоа да стане лигаво, ви остануваат две опции. Првата – со влиушка да го иситните месото, што е најдобра опција доколку сте го подготвиле месото во сос или чорба. Втората- да го одвоите месото од коска, да го исецкате и прелиете со сос.
Тестенина која е премногу ал денте
Се плашите дека ќе ја преготвите тестенината, па не ја готвите доволно. Ставете ја тестенината во тава со сосот и крчкајте пет минути. Ќе биде готова. Доколку тестенината ја подготвувате за салата, прелијте ја со сос и оставете ја да одстои, ќе биде помека.
Пресолена супа
За супите кои се базираат на бујон доволно е да додадете повеќе вода и пробемот ќе биде решен. Потоа додајте повеќе зеленчук бидејќи сега имате повеќе течност. Доколку се работи за кремаста супа најдобро ќе биде да додадете уште млеко или павлака.
Торта која се залепила за тавчето
Некогаш тортата едноставно не сака да се одлепи, па пачињата не се баш за покажување. Затоа исечете ја тортата најдобро што можете (нема врска доколку парчињата се распаднат) и савете ги на чинија. Потоа посипете со шумско овошје и на крај ставете шлаг.
 Преварено пилешко
Кога ќе го преварите пилешкото до таа маера тоа да стане лигаво, ви остануваат две опции. Првата

Пронајдете не на следниве мрежи: