Според хороскопскиот знак во кој се родени, мажите имаат различни преференции за тоа која жена е совршена за нив.Овен
Машките родени во знакот овен најмногу ги привлекуваат самостојни, храбри и спонтани жени, кои знаат што сакаат. Тие ги почитуваат оние припаднички на понежниот пол кои ја покажуваат својата духовна сила. Овие мажи сакаат предизвици и уживаат кога ги заведува жена полна со самодоверба, која ќе му се противи таман колку за да биде уште поинтересна. Бик
Бикот сака жени кои се слатки, мирни и пријатни и кои обожаваат милувања и бакнежи. Преферираат жени кои се лежерни и цврсто газат на земја, но не и онакви кои се премногу самостојни и енергични. Близнаци
Мажите родени во знакот близнаци ги привлекуваат жени кои се паметни, но и мистериозни. Може да ги привлече и некоја жена која не е премногу убава, но е духовита и интересна, бидејќи тоа се особини кои близнаците ги ценат повеќе од надворешната убавина.
Рак
Раковите ги привлекуваат жени кои се спремни да бидат крај него секогаш кога му се потребни и ќе му покажат грижа. Жената којашто ќе го пази и гали овој маж и ќе направи тој да се почувствува сакано, многу брзо ќе добие место во неговиот дом, бидејќи сака крај себе да има дама, која ќе биде одлична и сочувствителна сопруга. Лав
Лавот сака жена со која ќе може да се гордее, жена која ќе направи тој да изгледа добро во очите на другите, само затоа што се шета крај него. Прекрасни, драматични, префинети и резервирани жени ќе го уловат вниманието на овој хороскопски знак. Девица
Девицата секогаш прво ќе забележи некоја дотерана жена, облечена во конзервативен стил. Овие мажи се многу пребирливи и не сакаат ништо помалку од совршеност, поради што многу често се сами.
Вага
Мажите родени во знакот вага ги привлекуваат жени кои имаат стил, но кои не се премногу формални кога нема потреба да бидат. Таа може да биде малку префинета, но не смее да биде надмена. Исто така смее да биде пребирлива, но не премногу. Дамата која ќе го привлече овој знак може да има доста контрадикторни особини, но сè додека е искрена во своите намери и нема скриени тајни, нему му е ОК.
Скорпија
Жените кои ги привлекуваат емотивно нестабилните машки скорпии, мораат да бидат многу витални и страсни. Тие сакаат динамични и силни жени, кои не се неодлучни и апатични. Стрелец
Машките стрелци сакаат жени кои се чесни, директни и горди, а кои истовремено можат да им бидат пријатели. Тие сакаат жени кои можат во еден момент да се однесуваат како дете, а во следен да зборуваат за сериозни работи. Жените кои се постојано среќни и задоволни, засекогаш ќе останат во нивното срце.
Јарец
Мажите родени во знакот јарец ги привлекуваат жени кои се прифатени од околината и донекаде формални и резервирани. За нив, идеални девојки се оние кои имаат поставено високи цели во животот и кои се трудат да ги остварат. Водолија
Мажите родени во овој знак ги привлекуваат жени кои се интелигентни, самостојни, со слободен дух и кои знаат да направат добар муабет. Мистериозноста и неконвенционалноста ги фасцинираат, а претераната емоционалност ги одбива. Риби
Мажите родени во знакот риби сакаат жени кои се романтични, емотивни, чувствителни и страсни. Ако таа е мистериозна или способна да направи тој да се чувствува сигурно, лесно може да стане вистинската личност за него.
Lady.mkОвен
Машките родени во знакот овен најмногу ги привлекуваат самостојни, храбри и спонтани жени, кои знаат што с