Никогаш не се извинувајте за тоа што сте чувствителни или емоционални. Тоа е знак дека имате големо срце и дека не се плашите другите да ги видат. Покажувајќи ги вашите емоции е знак на сила. На многу чувствителните луѓе лесно може да им се повредат нивните чувства. Ако се сметате за многу чувствителни, овие шест чекори ќе ви помогнат во надминување на вашата емоционална чувствителност.
1. Што чувствувам?
Идентификувањето на вашите вистински чувства е важен прв чекор во надминувањето на емоционална чувствителност. Утврдете дали се чувствувате разочаран, тажен, лут или нешто друго. Откако ќе имате јасна претстава за емоциите кои ги чувствувате, може да почнете да ги откриете причините зошто се чувствувате на овој начин и што можете да направите околу тоа.
2. Зошто се чувствувам на вака?
Запрашајте се зошто се чувствувате така. На пример, дали имавте превисоки очекувања за тоа како нешто ќе излезе, а потоа станавте вознемирени кога тоа не се одвива онака како што сакавте?
3. Што би му рекол на мојот пријател кога тој би го имал овој проблем?
Повеќето луѓе се многу пољубезни со другите отколку кон самите себе. Запрашајте се што би му советувале на вашиот најдобар пријател, доколку тој би бил на вашето место.
4. Треба ли да се соочам со ова или нема потреба?
Утврдете дали ситуацијата треба да се реши, или е подобро за вас да не се грижите. Ако вашите чувства се сериозно повредени од некој добар пријател или член на потесното семејство, не решавањето може да доведе до лутина и незадоволство. Но доколку се работи за неважна личност во вашиот живот, нема потреба да трошите енергија и доплнително да ги повредувате вашите и онака изразени емоции.
5. Што можам да си кажам себеси за да се чувствувам подобро?
Менувајќи го начинот на кој размислувате за ситуацијата може да го промени и начинот на кој се чувствувате.
6. Што можам да направам да се чувствувам подобро?
Промена на вашето однесување, исто така може да го промени начинот на кој се чувствувате. Обидете се да правите нешто позитивно што ќе ви помогне да се чувствувате подобро. Практикувајте активности кои долго траат, како прошетка , повикајте пријатели, или најдете интересно хоби. На многу чувствителните луѓе лесно може да им се повредат нивните чувства. Ако се сметате за многу чувствителни, овие шест чекори ќе ви помогнат во