Како да ја отстраните шминката од лицето на природен начин?

 Млекото ги чисти и најдлабоките слоеви и смирувачки делува на кожата па затоа е одлично и за отстранувањето на шминката од очите. Слично делува и краставицата, додека маслиновото масло ја отстранува и водоотпорната маскара.
Секојдневното чистење на лицето со млеко за отстранување на шминка може да ја оштети и надразни вашата кожа.
Млеко и јогурт
Млекото ги чисти и најдлабоките слоеви на кожата, а за осетливите очи тоа е вистинскиот избор. Тоа ја смирува и чисти маснотијата, а протеините кои и содржи, кожата лесно ги апсорбира што ја подобрува нејзината обнова. Доволно е една лажичка млеко да ја помешате со неколку капки бадемово масло и средството за чистење на „мејк-ап“ е спремно.
Слично дејство има и јогуртот кој ја влажни кожата и и дава еластичност, па може да го помешате со неколку капки бадемово, кокосово или маслиново масло и со тоа да го очистите остатокот од шминката. 

Масло
Маслиновото масло успешно ја отстранува шминката, па дури и водоотпорната маската. Можете да натопите памук во масло и да го очистите лицето, или маслиновото масло да го помешате со рицинусово масло во сооднос 1:1. Оваа комбинација одговара на секаков тип кожа, додека чистиот рицинус се препорачува за мрсна кожа.
Како замена за маслиново масло може да се користи бадемово масло и масло од семките на грозјето, кои се богати со витамин Е и благотворно делуваат на кожата.

Краставици
Краставиците се богати со минерален силициум кој го зајакнува сврзаното ткиво во кожата. Покрај тоа, тие го стимулираат природното производството на колаген и го забавуваат процесот на стареење, и во комбинација со млеко успешно ја отстрануваат шминката.
Во миксер измешајте една краставица, постепено додадете половина чаша млеко и продолжете да мешате. Потоа мешавината ставете ја во тава и гответе околу 10 минути. Оставете да се излади.
Тоникот за чистење можете да го направите на едноставен начин, изрендајте краставица, процедете го нејзиниот сок и додадете неколку капки масло за бебешка кожа.

Овие совети ќе ви овозможат да имате мека и нежна кожа каква што и прилега на секоја дама.
Неколку домашни маски за мрсната кожа можете да погледнете на следниот ЛИНК Млекото ги чисти и најдлабоките слоеви и смирувачки делува на кожата па затоа е одлично и за отстранувањето на ш

Пронајдете не на следниве мрежи: