Како да не е од крв и месо: Она што таа го може, ретко кој друг го може

Џулија Гунтел (27), која настапува со името Злата, е најеластичаната жена на светот. Кога ќе видите што се таа може, ќе помислите дека нејзиното тело е од гума, но Злата е како сите други, само што има неверојатен талент.Оваа девојка по потекло е од Русија, живее во Германија, а дека од своето тело може да направи се што ќе посака, сфатила кога имала 4 години. Подоцна паралелно со училиштето, одела на часови за циркуски акробации и се вљубила во оваа вештина.
„Штом почнав да се занимавам со оваа работа, станав зависна и сфатив дека сакам да се занимавам со ова“, рекла Злата.
Тренирањето гимнастика и помогнало да стане уште подобра, а со својот необичен талент се издвоила од останатите спортистки.

„Да бидете еластичен во Русија е прекрасна работа бидејќи сите се занимаваат со гимнастика, а на многу девојки не им се допадна што се можам да направам со своето тело“, рекла Злата која е висока 170см.
Со својата еластичност соборила неколку светски рекорди, влегла во Гинисовата книга на рекорди, а со своите пеформанси стекнала голем број фанови. За неа не претставува никаков проблем своето тело да го „спакува“ во кутија со димензии од 50х50 сантиметри и нозете да ги свиткува преку главата.

„За мене е сосема природно да правам вакви пози. Понекогаш ми е и малку непријатно кога попради снимање морам долго да останам во некоја положба. Но тоа е исто како кога некој седи долго, мускулите го прават своето“, изјавила Злата.

Оваа девојка по потекло е од Русија, живее во Германија, а дека од своето тело може да направи се што ќе посака, сфатила кога имала 4 години. Подоц

Пронајдете не на следниве мрежи: