Сите знаци од хороскопот очекуваат различни работи од партнерот. Додека Близнаците имаат потреба од постојана акција, Јарецот го привлекува штедливост и истрајност, а Водолијата длабока дискусија… Што бара вашиот партнер? Како да му станете потреба?
Огнени знаци (Овен, Лав, Стрелец)
Доколку вашиот партнер е огнен знак, знајте дека страста е главна игра која ја играат Овенот, Лавот и Стрелецот. Надвор од домот, како и во него, вашиот огнен партнер има потреба во целост да ја покаже таа страст. Скоро е невозможно да го предомислите или непотребно да го охрабрувате кога нешто сака. Хранете ја таа страст на позитивен начин и ниеден проблем или идеја нема да бидат нерешливи. Овенот сака пофалби, Лавот паѓа на воодушевувањето, а Стрелецот најдобро реагира на обостран ентузијазам. Земјени знаци (Бик, Девица, Јарец)
Сигурноста е камен темелниик за среќните Бик, Девица и Јарец. Практичноста, одговорноста и продорноста се сон за партнерите родени во земјените знаци. Никој не е совршен и тоа тие го знаат, но многу го ценат вашиот труд. Додека вложувате во вашиот однос, квалитетот ќе се зголемува со годините и нема да има проблеми. Бикот сака комфорност и стил. Ако е надвор од вашите финансиски можности, но вие го посакувате истото, Бикот ќе ви прости. Девицата е желна за мали гестови за љубов, а Јарецот мрази екстраваганција, но се воодушевува на штедливоста и истрајноста.
Воздушни знаци (Близнаци, Вага и Водолија)
Комуникацијата е она што ги прави среќни овие три знака. Најлошата работа која можете да ја направите е да престанете да зборувате, затоа секогаш продолжете со дијалог и сослушајте го партнерот како смислува нови и интересни одговори, кои само ќе ја градат вашата комуникација. Близнаците сакаат константно да се зафатени и да не им биде досадно. Вагите сакаат мир и хармонија за сите во светот. Водолијата понекогаш може да изгледа одалечено, но таа всушност само сака подлабока интелектуална дискусија. Водни знаци(Рак, Скорпија, Риби)
Емоции, искреност и прашања од срце се круцијалните работи за овие три знаци. Ниедна логика или грижа на реалниот свет не може да се натпреварува со посветеноста и љубовта против сите чуда. Ракот го обожува семејството. Скорпијата бара посветеност, Рибите знаат многу да бараат, но нежно ја потврдуваат вашата љубов и се` што им треба.
Извор: lady.mkДодека Близнаците имаат потреба од постојана акција, Јарецот го привлекува штедливост и истрајност, а Водолијата