Овој сос од авокадо- Гвакамоле, потекнува од Мексико и се верува дека за прв пат бил направен од Ацтеките. Со враќањето на Шпанците од американскиот контитент овој рецепт станува популарен и во Шпанија, а набрзо се проширува и низ другите европски земји.
За да го приготвите овој добор познат рецепт потребни ви се следните намирници:
1 пиперка
3 чешниња лук
Пола главица кромид
2 кафени лажички сок од лимента
1 кафена лажичка кориандер
2 зрели домати
3 авокада
Сол, бибер
Излупете ги авокадата и во сад згмечете ги со вилушка. Потоа додатете го исецканиот кромид, пиперките, лукот, кориандерот, сокот од лимон и биберот и насолете. Сето тоа добро промешајте го . Покријте го садот со фолија за да ја спречите оксидацијата и ставете го во фрижидер. Кога ќе сакате да го сервирате гвакамолето, додадете ги ситно исецканите домати и уживајте!Овој сос од авокадо- Гвакамоле, потекнува од Мексико и се верува дека за прв пат бил направен од &nbs