Готвењето на пилешки стек во рерна сигурно ве потсетува на месо кое станува тврдо и жилаво штом биде готово, но тоа не мора да биде така доколку го примените овој едноставен трик. Загрејте ја рерната на 200 степени. Ако стековите се со различна дебелина, истенчете ги со дрвен чекан за да станат отприлика исто тенки, бидејќи ова влијае на времетраењето на печењето, а ако печете додека се испечат најдебелите парчиња, може да добиете суво и жилаво месо.
Потоа премачкајте ја тавата со две лажички маслиново масло, наредете ги парчињата месо и поминете ги одозгора со четка намасленета со маслиново масло. Маслиновото масло создава кафена крцкава кожа, додека внатрешноста на пилешкото ја задржува сочна.
Ставете зачини по избор и протријте по површината.
Откако ќе го спремите стекот за печење садот покријте го со алуминиумска фолија. Печете така 20 минути, па потоа тргнете ја фолијата и печете уште 10 со непокриено тавче. Во меѓувреме можете да додадете сос ако сакате. Оставете го малку да се олади (идеално температурата треба да дојде до 70 степени) и потоа сервирајте. Месото ќе биде меко и сочно.Загрејте ја рерната на 200 степени. Ако стековите се со различна дебелина, истенчете ги со дрвен чекан за да станат отприлика исто тенки, бидејќи о