Немате идеја за ручек? Испробајте нешто ново и вкусно. Пилешкото со кокосово млеко сепак е навистина добра комбинација.Подготовка:
Семките од кардамон и ситно исецканиот ѓумбир краткотрајно ги запржуваме за да ја испуштат аромата. Семките ги одстрануваме. Веднаш потоа го ставаме пилешкото, исецкано на долги ленти, да се запржи убаво од сите страни. Зачинуваме со црн бибер, оригано и кари. Откако месото ќе почне да добива боја го ставаме и карфиолот.
Пропржуваме уште сосема малку, па го налеваме кокосовото млеко. Јадењето продолжуваме да го готвиме на силен оган уште 15-тина минути и не треба да го покриваме. Важно е да испари што поголем дел од течноста. По извесно време ќе забележите дека почнало да се формира прстен во садот во кој готвите. Промешувајте повремено.
На крај се додава ренданото биено сирење и сецканиот магдонос. Исклучете ја ринглата и пак од време на време промешајте.Така сирењето ќе се растопи без да ви се зафаќа на дното, но и магдоносот ќе ја задржи својата боја и вкус. На крај посолете по вкус.
Добар апетит!Подготовка:
Семките од кардамон и ситно исецканиот ѓумбир краткотрајно ги запржуваме за да ја испуштат аромата. Семките ги одстранува