Икањето претставува несакана и неконтролирана контракција на дијафрагмата, која може да се повтори неколку пати во текот на една минута. Контракцијата е проследена со ненадејно затворање на гласните жици, што резултира со карактеристичен звук.
Постојат повеќе различни начини на кои можете да го сопрете обичното икање. Некои од нив можеби ќе ви делуваат смешно, но вреди да им дадете шанса…
– Земете лажичка шеќер и ако можете шеќерот ставете го на дел од јазикот на кој се наоѓаат рецепторите за кисел вкус.
– Некои доктори препорачувааат ставање на прстите во уши со цел на стопирање на икањето. Пнеумогастричните нерви стигнуваат и до слушниот систем, а нивното стимулирање може да го сопре икањето. Сепак, бидете внимателни и немојте прстите да ги туркате премногу длабоко во увото.
Факт : Доколку некој ве изненади или исплаши, икањето би можело да престане.
– Внесувањето на вода во организмот го прекина циклусот на икање, што може да ги смири нервите. Испирањето на грлото со вода може да има исти ефект.
– Вадењето на јазикот од устата и неговото истегнување може исто така да го сопре икањето.
– Скокоткањето на мекото непце со помош на стапче за уши исто така може да помогне.
– Со помош на прстите затворете го носот и затворете ја устата, задржувајчи го здивот како да треба да скокнете во базен, колку можете или додека не почуствувате дека икањето запрело.
– Се верува дека дишењето во книжнена ќеса има ист ефект како и претходниот метод. Двата метода ја зголемуваат количина на угљен- диоксид во крвотокот поради што телото станува преоптеретено со решавањето на новонастанатиот проблем и икањето престанува.Контракцијата е проследена со ненадејно затворање на гласните жици, што резултира со карактеристичен звук.
Постојат повеќе различни начини