Како да се трансформираат компаниите за е-бизнис и веб технологии

Развојот на е-бизнисот и интернет-базираните апликации се едни од највпечатливите промени кои имаат извршено влијание врз компаниите во текот на последните две децении. Како последица, во фирмите се извршени радикални промени во т.н. „модус операнди“, или преку зголемување на ефикасноста на веќе постоечките процеси или преку воведување на целосно нови бизнис модели.Развивање и адаптирање на бизнисите на информатичките системи, интернет базираните апликации и веб технологии е темата на предавањето што ќе се одржи од 13 до 15 ноември. Предавањето ќе им помогне на учесниците да ги запознаат овие промени и да ги истражуваат можностите кои интернетот и е-бизнисот може да им ги обезбеди на компаниите во различни сектори како набавка, производство, маркетинг, дистрибуција, услуги за клиентите.
Акцентот во овој едукативен модул е ставен на интернет маркетингот, алтернативните и нови промотивни алатки. Дополнително учесниците ќе имаат можност да слушнат повеќе за новите барања во една компаниска средина на 21от век, ќе се запознаат со новите методи на работење, современите организациски структури, како и стилови на управување.
Предавањето ќе го одржи професор Џорџ Фасас, од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ, дипломец на магистерските студии за извршни позиции (ЕМБА) при Леонард Н. Стерн, Бизнис школата на Универзитетот во Њујорк, САД. Џорџ Фасас работи како консултант за интернет маркетинг и онлајн продажба. Тој е ко-основач на Head in Beds, Консалтинг aгенција за хотелски бизниси и е одговорен за онлајн стратегијата на многубројни хотели и туристички установи во Грција. Професорот Фасас е лиценциран партнер на Google.
Со примена на милтимедијален и интерактивен пристап викенд модулот за Е-бизнис и интернет маркетинг за учесниците ќе овозможи развивање способност за евалуација на постоечкиот информатички систем и негово подобрување и прилагодување на пазарните потреби како и запознавање со информатичките системи кои се фокусираат на интернет и веб технологии и презентација на стратегии за нивна употреба. Воедно учесниците ќе стекнат клучни вештини при практикување на е-трговија и е-маркетинг, управување и развој на е- услуги, блогови и социјални мрежи и запознавање со најновите размислувања во е-бизнисот и интерактивните маркетинг алатки.
Со следење на предавањето учесниците се стекнуваат со Сертификат од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ. Краен рок за аплицирање е 11 ноември 2015 година.
Повеќе информации на +389 2 3064 533, [email protected] или www.managersacademy.mkРазвивање и адаптирање на бизнисите на информатичките системи, интернет базираните апликации и веб технологии е темата на предавањето што ќе се одр

Пронајдете не на следниве мрежи: