Како да се туширате за да одбегнете сушење на кожата?

Туширањето може да ѝ наштети на вашата кожа, доколку тоа го правите погрешно.Обрнете внимание на следните грешки поради кои вашата кожа може да биде изложена на агресивни надворешни услови и да стане сува. 
Неправилна температура
Кога се туширате, пробајте секогаш да одржувате умерена температура на водата, без оглед на надворешното време. Дерматолозите велат дека топлата вода е најдобриот избор за вашата кожа, бидејќи врелата го поттикнува сушењето на кожата.
Многу време под тушот
Доколку сте едни од оние кои поминуваат долго време под тушот, знајте дека тоа е убаво, но штетно. Времето поминато под топлиот туш може значајно да ја исуши кожата. Идеалното време за туширање е 5-7 минути.
Игнорирање на процедурите по туширањето
Често заборавате дека само туширањето не е доволно. По овие процедури, кожата бара правилна хидратација. Затоа, по туширањето дерматолозите да не брзате, туку нежно да ја натапкате кожата со крпа со цел да избегнете иритација. Исто така, секогаш користете хидратантна крема или масло неколку минути по туширањето – ова ќе ѝ помогне на вашата кожа да остане здрава и хидрирана.Обрнете внимание на следните грешки поради кои вашата кожа може да биде изложена на агресивни надворешни услови и да стане сува. 

Пронајдете не на следниве мрежи: