Како да се затоплуваме, а да не го загадуваме воздухот?

Како да се затоплуваме, а да не го загадуваме воздухот? Ова е насловот на брошурата што од денеска, 12.12.2015 година, ќе им се дели на граѓаните на територијата на Општина Аеродром, во соработка со Град Скопје.Целта е преку оваа брошура да се едуцираат граѓаните како да користат квалитетни енергенси за нивно квалитетно согорување при затоплување на домовите, што ќе придонесе за заштита на воздухот и на здравјето на луѓето, но и заштеда на финансиски средства.
Во брошурата се наведуваат информации за тоа какво дрво треба да се користи при затоплување на домовите, кои производи не треба да се палат, како што се отпад од растенија, весници, тетрапак, гума, дрво од мебел, боја, лак и слично, со кои ќе се подигне јавната свест за значењето на квалитетот на амбиентниот воздух, но и свеста за заштита на животната средина.Целта е преку оваа брошура да се едуцираат граѓаните како да користат квалитетни енергенси за нивно квалитетно согорување при затоплување на домови

Пронајдете не на следниве мрежи: