Како да задоволите една девојка во Македонија?

Самоуверен, комплициран и недостапен, стабилен, искрен, „лошо момче“? Која е совршената комбинација за да задоволите една денешна девојка во Македонија?
Вистина е дека барањата на денешните девојки, што се однесува до момчињата се значајно променети од порано. Вината, секако не може да се стави на едниот пол. Подеднакво ја ставаме и на двете страни.
Виновни се девојките кои бараат момче за сериозна врска, а секогаш завршуваат со „лошо момче“ мислејќи дека иако се однесува лошо со сите други, само со неа ќе се однесува како со принцеза. Постојат и такви девојки што мислат дека можат да се справат со било кој „тежок момак“ и да го сменат, сметајќи дека тој ќе биде нивен проект, а ќе го претворат в принц од соништата. Тие девојки се едноставно незрели, бидејќи непредвидливоста на „лошите момчиња“ не се менува.
Иако, Дарвиновата теорија дека женскиот пол отсекогаш повеќе го привлекувале силни , здрави и мажествени момци важи во голем степен и денес. А единствената причина за тоа е дека мажественоста е интензивно поврзана со нивото на тестостерон.

Во принцип,за сè е крива биологијата. Но, никој не рече дека доколку посакувате да бидете еден од тие момци, не можете да го постигнете тоа. Момците кои сакаат мажественоста да им избива од порите, едноставно треба да се занимаваат со боречки вештини, натпреварувачки спортови и активности кои го будат адреналинот. Така, ќе изградат поголема самодоверба и поголемо ниво на тестостерон, а ќе бидат мета на сите девојки.
Сепак, не е толку едноставно. За да станете добар кандидат за омилен меѓу девојките во Македонија ви треба малку повеќе од висок тестостерон. Треба да бидете „модерен секси витез“. Што значи тоа?
Модерното витештво е многу повеќе од отворање и придржување на вратата на девојката и многу повеќе од плаќање на сметката. Тоа е начин на интеракција со девојките и зрачење со самодоверба без ниту малку ароганција. Самоувереноста е секси. Поставувајте прашања, но слушнете го нивниот одговор. Најважно од сè третирајте ја девојката интелектуално рамноправна со вас, бидејќи на сите нѝ се допаѓа оној со кого се чувствуваме интересни и паметни. Не мора да бидете „Бред Пит“, едноставно бидете природен, не бидете нападен, испочитувајте ја и имајте трпение, Така ќе направите и вие и девојката да се чувствувате добро.
Извор: Мen's healthСамоуверен, комплициран и недостапен, стабилен, искрен, „лошо момче“? Која е совршената комбинација за да

Пронајдете не на следниве мрежи: