Како делува мајчината душица врз здравјето на човекот

Таа е долговечна зелјеста култура, висока една педа. Целата билка има пријатен мирис и мошне интензивен мирис и вкус. Лековитите состојки се наоѓаат едноставно и исклучително во листовите и во цветовите на мајчината душица. Треба да се спомене дека мајчината душица треба да се собира внимателно. Во никој случај не смее да се корне, затоа што со тоа се уништува билката. Треба да се отсече само горната половина од лиснатите гранчиња со цвет, и тоа со ножици. Лековитите особини се поврзани со присуство на етеричното масло. Чајот служи за искашлување, против воспаленија, за отстранување на болката. Се консумира против несоници, женски болести, против алкохолизам, магарешка кашлица, желудочно-цревни болести. Таа е добро средство за лекување на кашлицата кај малите деца. Со чајот од тревата се мие главата при главоболка, а се плакне грлото против непријатен здив.
 
Забелешка: Мајчината душица, поради големата количина тимол, може да ја надразни слузокожата на желудникот, црниот дроб и бубрезите. Заболените од чир на желудник и на дванаесетпалечното црево, како и од болести на црниот дроб и на бубрезите не треба долго да го користат чајот, односно мајчината душица. Забранета е нејзина употреба и кај бремените жени. Треба да се нагласи дека мајчината душица не треба да се вари, бидејќи со варењето брзо и лесно се ветреат и се губат лековитите состојки. Поради тоа, се препорачува мајчината душица да се попари со зовриена вода, веднаш да се затвори садот, па да се остави да отстои 2 часа. Тој може слободно да се подготви и како посилен чај, затоа што мајчината душица ни со предолга употреба не предизвикува никакви знаци на непријатност ниту, пак, создава навика за нејзино постојано консумирање.
Автор: Драган ЈовановЛековитите состојки се наоѓаат едноставно и исклучително во листовите и во цветовите на мајчината душица. Треба да се

Пронајдете не на следниве мрежи: