Како до совршена лозинка?

Екипата од WhoIsHostingThis направи инфографик со неколку елементи со кои може да направите сигурна лозинка, која би ги намачила дури и најупорните хакери.Тие наведуваат дека само на Facebook, секојдневно околу 600.000 корисници сакаат да пробијат нечија лозинка и да хакнат туѓ кориснички профил. Добрата лозинка треба да биде комбинација од големи и мали букви, бројки и симболи, подолга од осум карактери, да содржи измислени изрази, но без цели зборови. Исто така, тие објаснуваат дека лозинката мора редовно да се менува.
 
За таквите лозинки е потребно многу повеќе време за да се пробијат, па помали се шансите дека хакерите ќе ја дешифрираат.
Уште една важна работа е избегнувањето на сленговски зборови, имиња или пак зборови од речник. Место користење на само еден збор, подобро е да се создаде цела фраза која ќе се се напише во кодирана форма.
За да не ги заборавите може да ви помогнат некои од алатките за памтење на лозинките како LastPass, KeePass или 1Password кои досега немале сериозни безбедносни инциденти.
Повеќе на GSM.MKТие наведуваат дека само на Facebook, секојдневно околу 600.000 корисници сакаат да пробијат нечија лозинка и да хакнат туѓ кориснички профил.&nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: