Во богата електронска преписка за врската помеѓу приватната американска разузнавачка агенција Стратфор и Канвас, организација од Белград, која ја објави Викиликс, се поставува прашањето: „Кој го финансира Канвас? За значењето на овие мејлови кои откриваат како функционира Стратфор говори и тоа што 28 годишниот „свиркач“ Џереми Хамонд, благодарение на кој оваа преписка стигна во јавноста, на 15 ноември е осуден во Америка на десет години затвор.Во еден меил од 2008 година, Џорџ Фридман, директор на оваа агенција, ја разгледува можноста за соработка со Канвас („Центар за применета ненасилна акција и стратегија“), поради што го интересира кој ја финансираа оваа организација. Му одговара Марко Папиќ, аналитичар на Стратфор кој е во контакт со Срѓа Поповиќ, челниот човек на Канвас:
„Многу американски финансии… Не знам точно но разговарав со луѓе кои лобираат за нивно финансирање како што е Мајк Мекфол од ’Хувер институт’“. Мекфол е сегашен американски амбасадор во Русија, кој на таа функција е именуван во 2012 година.
„УСАИД е вклучен. Отпорот го финансирал ’Фридом Хаус’, ИРИ (Меѓународен републикански институт), НЕД (Национална задужбина за демократија) и Американскиот институт за мир. Бидејќи во Канвас се истите луѓе од како и во Отпор, сигурен сум дека имаат исти доларски извори“.
Во меилот на аналитичарот Стратфор од 2007 година се наведува дека овие организации, заедно со НДИ и „Институт Алберт Анштајн“, обвинети дека стојат зад побуните во Србија (2000), Грузија (2003), Украина (2004), Азербејџан (2005), Киргистан (2005), Белорусија , Узбекистан, и Таџикистан (2005-2006). Во истиот меил се прецизира дека Отпор (односно Канзас) оформил групи во Грузија (Кмара), Украина (Попа), Белорусија (Зубр) и Албанија (Мјафт).
Во друг меил во кој станува збор за средбата со Фридман, споменува дека Поповиќ на состанок во Чикаго со „партнерот од Голдман Сакс“ (глобална американска инвестициона банка) кој е „веројатно еден од финансиерите на Канвас“.
Интересот за соработка е обостран. Стратфор кој покрај информациите наменети за јавноста им продава геостратешки, политички економски и воени анализи на американските владини агенции и војската, бара информации и од предводникот на Канвас кој има „директни врски со многу насилни движења ширум планетата“, а Поповиќ сака да ја прошири мрежата на контакти, поради што бара средба со Фридман.
„Канвас има многу раширена турнеја на предавања на американските универзитети. Пред да дојде во Остин, Срѓа ќе предава на Американската воена воздухопловна академија. Срѓа го интересираат нови контакти“, известува Папиќ во меил од 2011 година.
Поповиќ е интересен за американската разузнавачка организација поради своите врски активности против Хосни Мубарак во Египет, како и со активностите во Венецуела, Зимбабве, Судан и други „жешки“ геополитички зони. З размена на меилови со нив користи доверлива „хашмеил“ комуникација кога се работи за Венецуела, затоа што е „чувствително кога се користи револуционерна невладина организација како извор, поради клиентите кои се присутни во таа земја“, објаснува Папиќ во еден меил.
Отпор не е единствената организација која е во врска со движењата за рушење на египетскиот претседател. Тука е и американската организација „Фридом хаус“, која го финансирала „дискретното“ доаѓање на членовите на движењето „Шести април“ во Белград во 2009 година, на обука кај лидерот Канвас, како што објаснил еден од египетските активисти во текстот „Скриеното лице на египетската револуција“, објавен на блогот на францускиот неделник „Нувел обсерватер“ во март 2011 година. Некои членови на „Шести април“ оделе на обука во „Меѓународниот центар за насилни судири“ кој го основал Питер Акерман во 2002 година, кога во оваа организација префрлил пари од шепкулација на берзата поради кои за влакно избегнал затвор. Акерман во 1976 година на американската школа Флечер за право и дипломатија одбранил докторат за „стратешки аспекти на насилни движења и отпори“ под туторство на Џин Шарп, иден идеолог на Отпор и други движења кои ги рушеле режимите во источна Европа, Африка и на Блискиот исток. На истиот универзитет 30 години подоцна студирале и Слободан Ѓиновиќ, кој со Срѓа Поповиќ го основале Канвас во 2003 година и Иван Маровиќ, уште еден од предводниците на Отпор.
Акерман помеѓу 2005 и 2009 година бил еден од клучните луѓе на „Фридом хаус“, како и Роби „Марк“ Палмер, поранешен американски амбасадор во Унгарија и еден од основачите на „Национална задужбина за демократија“, кој, според Википедија, во 1996 година шетал со студентите на протестите во Белград.
Меѓу предавачите- гости на курсот за стратегија и методи на ненасилни социјални промени на мастер студиите на факултетите за политички науки во Белград, кои во 2008 година ги водат претставници на Канвас, Слободан Ѓиновиќ, Срѓа Поповиќ и Живорад Анѓелковиќ, се наоѓаат и членови на центарот на Акерман, како Стивен Зунес…
Поповиќ секогаш тврдел дека Канвас се финансира исклучиво од политички извори и дека не прифаќа финансирање од било која влада. „Нашата мисјиа е образовна, не политичка“, пишувало во една претходна верзија на нивниот сајт canvasopedia.org
Во преписката со колегите од 2010 година, во која Поповиќ проследува информација која му стигнала од Марија Станисављевиќ, поврзана со Поповиќ, аналитичар на Стратфор вели дека може да дојде до (Слободан) Хомен: „Погоди што правеше во 2011 година? Да, беше дел од „Отпор“… а сега е државен секретар во министерството за правда. Србија е толку смешна земја“.Во еден меил од 2008 година, Џорџ Фридман, директор на оваа агенција, ја разгледува можноста за соработка со Канвас („Центар за п



