Како е убиен Џеладин Ајети – Џељо?!

Петнаесетина минути пред 18 часот. Скриена во темница, една сенка открива човек кој внимателно се движи кон чајџилница. На таблата пред објектот пишува менувачница Џељо. Се се случува на улицата „Методија Андонов Ченто“ која по автобуската станица во населбата Ченто врти и води кон Арачиново – вака Код ја започнува приказната за убиството на Џеладин Ајети – Џељо кој минатата недела беше убиен во скопската населба Ченто.Од близок дуќан, еден муштерија ја забележал сенката. Мислел дека е полицаец, од единицата Алфи. Помислил дека човекот-сенка дошол во полициска акција можеби дури по него, па полека го напуштил дуќанот. Маскираниот потоа влегол во чајџилницата на чиј излог стои името Ролекс. Внатре во објектот имало четворица луѓе. Целта на нападот седела на средната маса од лева страна, со лицето свртен кон влезот. Тоа бил Џељал Ајети. Во внатрешноста на објектот од вратата право има шанк, а до него фрижидер со пијачка. Зад шанкот стоел вработениот, а во близина на шанкот еден гостин. Трите маси од десната страна биле празни. До Ајети седел четвртиот присутен, негов пријател со кого се сретнал еден час порано во чајџилницата. Двајцата веднаш го забележале ладнокрвниот убиец. На рацете имал ракавици, на лицето маска- фантомка. Но со себе носел и автоматска пушка- калашњиков. Уште на влегување низ вратата, пушката му била репетирана. Подготвена за пукање, за убиството за кое се подготвувал да го изврши. Веднаш го дигнал оружјето кон Ајети.
Испукал еден рафал, прецизно. Најголем дел од куршумите завршиле во телото и главата на убиениот. Два куршума го погодиле соговорникот на Ајети кој седел на истата маса покрај него. По испуканиот прв рафал, убиецот со маска престанал да пука.Просторијата се се исполнила со чад од барутното полнење но и од изгореното масло во цевката на калашњиковот. Убиецот претходно пушката ја исчистил и поминал добро со масло.  Ладнокрвно со вперена пушка која се уште се чадела во цевката се приближил кон масата на Џељо. Тука повторно почнал да пука во веќе изрешетаниот 46-годишен Ајети. Серија од прецизни истрели повторно кон телото и главата на неговата веќе очигледна цел за ликвидација. Целта мртва, еден ранет во рака и во нога, останатите двајца успеале да се засолнат. Но убиецот не тргнал по нив ниту пукал натаму. Бидејќи рамката од триесет куршуми ја испразнил, ја извадил од пушката и ја сменил со нова полна со куршуми и подготвена за нова серија истрели.

 
Полека се повлекол кон излезната врата. Го напуштил барот Ролекс со пушката на готовс за да ја употреби доколку некој се обиде да го спречи во бегството. Двата рафали од калашњиковот веќе ја возбудиле околината во која има прометна улица, неколку дуќани и чајџилници, голем супер маркет, две згради. Убиецот со маска повторно како сенка се провлекол од левата западна страна на објектот во кој пукал и со автоматот продолжил покрај двете згради до оградата на Основното училиште 25-ти мај. Кога почувствувал дека не е загрозен и не е во опасност ја одложил пушката покрај училишниот двор. На тој начин ја испратил и пораката и негова и на тој што сакал да го ликвидира Ајети: Дека е посилен од жртвата и може да го убие. Убиецот повторно исчезнува како сенка во темницата на есенската вечер – се посочува во новото издание на Код, што вечерва ќе се емитува на Канал 5.
Извор: РепубликаОд близок дуќан, еден муштерија ја забележал сенката. Мислел дека е полицаец, од единицата Алфи. Помислил дека човекот-сенка дошол во полициска акц

Пронајдете не на следниве мрежи: